Времето во земјава во утринските часови ќе биде променливо облачно со локален дожд, претежно во северните делови. Во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието, каде повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе се спушти меѓу седум и 16, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.
Во Скопје во утринските часови со услови за повремен дожд, преку денот сончево со умерена облачност и ветровито со умерен северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 13 степени, а дневната температура до 23 степени.
Од сабота следува период на претежно сончево време со дневни температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Извор: МИА