ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев: Решенија низ дијалог со пријателска Бугарија

Очекувам да бидат еден од погласните поддржувачи за одлуката за датум за преговори, потенцира Заев

October 11, 2019 07:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Исполнувањето на договорот е обврска на двете страни и верувам  дека ќе продолжиме да изнаоѓаме решенија со пријателска Бугарија, вели премиерот Зоран Заев, во коментар на поддршката од Бугарија за старт на преговорите за членство во Европската унија со држвава, но со одредени услови.

Тој очекува Бугарија да биде еден од погласните поддржувачи за одлуката за датум за преговори со Европската Унија и верува во решение за сите прашања низ билатералниот дијалог и градење на пријателството. За деновиве најави средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, како и состанок со Мешовитата македонско бугарска експертска комисија, којашто ќе одржи состанок  во прсрет на седницата на Советот на ЕУ за кога се очекува одлука за старт на преговори за членство со нашата држава.

-Во постојани контакти сме со Бугарија, ја поздравувам одлуката да се даде поддршка односно очекувам од Бугарија да биде еден од најгласните поддржувачи на добивањето датум за почеток на преговори. Нормално е очекувањето дека договорите треба да се исполнуваат и јас сум среќен што постигнавме договор за добрососедство, тоа е голема работа и важен исчекор за двете земји. Исполнувањето на договорот е обврска на двете страни и верувам дека ќе продолжиме да изнаоѓаме решенија со пријателска Бугарија, наведе Заев.

Тој укажа дека со постигнатиот договор се заокружени шест историски личносто и четири поглавја работи што се реализирале за две години. Верува дека ќе продолжат и понатаму да наоѓаат решенија низ билатералниот дијалог со пријателска Бугарија.

– Република Бугарија дефинитивно има интерес ние да чекориме и кон НАТО и кон ЕУ, тоа е интерес и на народот во Бугарија, и верувам дека ќе се движат токму во тој правец. Овие денови јас ќе имам контакти со многу политичари и со мојот пријател Бојко Борисов. Нашите министри се во постојана комуникација. Очекувам најмалку да бидат еден од погласните поддржувачи за одлуката за датум за преговори, потенцира Заев.

Верувам, вели, дека низ реализација на договорите ќе може да се гради пријателството.

– Да оставиме, да не навлегуваме длабински во коментарите затоа што сепак одлуките се уште не се донесени. За мене како политичар, знаејќи го сензитивниот Балкан, апсолутно ми е јасна дебатата што се случува и во Бугарија и во Северна Македонија за  актуелно прашање за револуционерот Гоце Делчев, кој секако Бугарија го смета исто така за свој. Верувам дека се можни решенија за сите овие прашања. Уште во понеделник имам состанок со Комисијата која на 15 месецов има средба. Продолжуваме и понатаму со средбите да ги наоѓаме решенијата. Во најмала рака треба да бидеме со окото на пријателството едни кон други заради тоа што си требаме. Да наоѓаме решенија и да го отвараме патот за младите, децата и идните генерации, рече Заев.

Шарац  од своја страна оцени дека ќе има успех и за прашања со Бугарија со оглед на успехот за спорот со Грција.

– Северна Македонија има многу соседи и тешка работа понекогаш. Можам само да кажам пофалби за премиерот и на сегашната Влада. Бидејќи тоа што успеа да го направи со Грција, мислам дека тоа е многу поголем проблем. Верувам дека истото ќе успее и со Бугарија. Вистина е дека ако Северна Македонија на крај сака да влезе во ЕУ ќе има уште пречки исто така како што ги имала Словенија на својот пат, којшто не беше послан со рози и ние моравме да направиме многу напорни. Напорите ја чекаат и Северна Македонија, порача Шарац.

Извор: МИА

Next Post

11 Октомври - Ден на народното востание, свечености во Прилеп, Куманово и Скопје

Shortcut

Најново

Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова (извор: Wikipedia)

Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

November 19, 2026

Емил Цветанов: ВФМ мора да биде симбол на фер-плеј, чесност и еднаков третман

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk