Надежта на Македонија и Албанија за отпочнување преговори за членство во ЕУ е се помала, пишува Блумберг, посочувајќи дека Франција и претседателот Макрон инсистираат дека ЕУ не е подготвена да разговара за можноста за прием на нови земји – членки, пренесе Телма.
Од Блумберг дошле до документи кои ги размениле дипломатските мисии во Брисел. Потсетуваат дека Македонија и Албанија со нетрпение очекуваат зелено светло од Брисел за почетокот на формалните разговори за прием во ЕУ. Иако најголем дел од земјите членки го поддржуваат нивното барање, пишува Блумберг, Франција и Холандија посакуваат целосен ремонт на процесот на проширување на Унијата, пред да почнат преговорите со Македонија и Албанија.
Макрон бара преговорите да бидат “постепени, поконкретни во придобивките за заинтересираните држави и реверзибилни”……., се вели во драфт-коминикето од министерскиот состанок во Луксембург.
Овој документ на 10-ти Октомври, француските дипломати го доставиле до останатите ЕУ членки.
Извор: Телма