Не поминаа заклучоците на финското претседателство на вечерашниот состанок во Луксембург на амбасадорите на земјите-членки на Европската унија, дознава Телма од извори од македонската влада упатени во текот на состаноците, пренесе Телма.
Ова значи дека предлогот на Финска да се даде датум за почеток на преговори со Македонија, а во меѓувреме да се промени методологијата на преговарање на која инсистира Франција, е одбиен и за него ќе расправаат министрите за надворешни работи, утре во Луксембург.
Како што пренесе Телма, Франција на амбасадорскиот состанок не поддржала ниту одвојување на Северна Македонија од Албанија, ниту пак ги прифатила предлозите на финското претседателство.
Холандија и Данска кои имаа резерви кон проширувањето се за одвојување на Македонија од Албанија.
Извор: Телма