И познатиот шведски политичар, дипломат и поранешен премиер Карл Билд се придружи на огромниот број светски познати лидери, политичари и креатори на јавното мислење кои ја поддржуваат Северна Македонија во овие неизвесни мигови. Тој на својот Твитер профил напиша:
ЕУ се соочува со колапс на целата пристапна политика и на нејзиниот кредибилитет на Балканот, со тоа што Франција се закани со вето за добивање датум за Северна Македонија и Албанија. Да се надеваме дека денес, или утре, лидерите ќе го одбегнат ова топење.
EU faces the prospect of the collapse of its entire policy approach to and credibility in the Balkans as France threatens to veto the opening of accession talks with both North Macedonia and Albania. Let’s hope that leaders later today and tomorrow avoids this meltdown. @ecfr
— Carl Bildt (@carlbildt) October 16, 2019