ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Лидерите на ЕУ денеска и утре ќе одлучуваат дали Северна Македонија може да почне преговори

ЕУ не успева да постигне компромис по ова прашање веќе година и половина, пред сѐ поради противењето на Франција, која смета дека е неопходно прво да се реформира процесот на преговори со земјите кандидати пред да се даде зелено светло за други земји

October 17, 2019 08:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Брисел попладнево започнува дводневниот самит на лидерите на Европската Унија, на кој една од точките на разговори ќе биде одлуката за почеток на преговори за Северна Македонија и Албанија.

ЕУ не успева да постигне компромис по ова прашање веќе година и половина, пред сѐ поради противењето на Франција, која смета дека е неопходно прво да се реформира процесот на преговори со земјите кандидати пред да се даде зелено светло за други земји. Додека огромното мнозинство членки на ЕУ сметаат дека во најмала рака треба да се даде зелено светло за Северна Македонија за да се одржи кредибилитетот на Унијата.

Шансите за Албанија се речиси непостоечки, што беше потврдено вчера меѓу редови од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, кој го нагласи проблемот со огромниот број барања за азил од Албанија откако е укинат визниот режим за оваа земја.

Засега не е јасно дали проширувањето ќе биде на дневен ред денеска или утре, претседателот на Европскиот Совет треба да ја прецизира агендата на разговори утрово.

Одреден број земји членки се на став дека Франција ќе бара нешто за возврат за да попушти за Северна Македонија, еден од проблемите на Париз е договорот околу седумгодишната финансиска рамка на ЕУ и сопствените средства на Унијата, каде е во судир со Германија. Париз бара и да се задржи задоволително ниво на средства за заедничката земјоделска политика за која бројни земји членки сметаат дека е застарена и треба да се реформира, или да се намалат финансиските средства кои и се наменети. Франција исто така ќе бара од своите европски партнери такса врз горивото за авионите и бродовите.

Премиерот Зоран Заев вчера во последен обид да ги убеди европските лидери да го одржат ветувањето кон земјата го посети Брисел каде се сретна со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и претседателот на ЕП Давид Мариа Сасоли.

–По се што направивме убедени сме дека треба да добиеме одлука за почеток на пореговорите со ЕУ сега и веднаш. Подготвени се за тоа политички и институционално. Секое одложување ќе биде прочитано како негативна одлука и ќе има многу негативни ефекти, високо ниво на разочарување кај граѓаните и кај сите кои го поддржаа спроведувањето на Договорот од Преспа. Во јуни добивме порака дека Северна Македонија исполни се, но поради календарски услогласувања на земјите членски на ЕУ добрата вест за старт на преговорите ќе ни простигне во октомври. Октомври дојде и ние сме во Брисел, ја очекуваме заслужената вест за одлука за преговори за нашата стратешка цел членство во ЕУ, порача премиерто Зоран Заев на зедничката прес-конференција во Брисел со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Разбираме, посочи премиерот, дека некои членки имата потреба да отворат дебата за нова методологија за преговорите, но двата прецеса можат да одат паралелно.

– Тоа не пречи да добиеме одлука за преговори сега и веднаш. Ни треба позитивна одлука сега и веднаш. Тоа значи за нас нов процес упорна работа. По 10-те препораки на ЕУ, оптимистичките заклучоци на Советот на ЕУ во 2018 и 2019 и сите наши резулати и реформи, по се што направивмее убедени сме дека треба да почнеме со преговрите. рече Заев.

Потсети дека спроеведувањето на Преспанскиот договор е поврзано со отворањрто на поглавјата за ЕУ.

– Сакам добронамерно да предупредам дека ако не се испорача очекувана заслужена позитивна одлука за преговори, кредибилитетот на ЕУ и довербата на нашите граѓани може да бидат ставени под прашање.

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, од своја страна, уште еднаш ги повика лидерите кои ќе се состанат утре во Брисел да покажат токму лидерство по ова прашање.

-Ги кажавте вашите очекувања од лидерите, да го ставиме фокусот на зборот лидер, очекуваме лидерство. Ако ги погледнете политичките достигнувања во последните две години, речиси ниедна земја во Европа не изодила толкав пат, со толку болни реформи и мерки, изјави Хан.

Тој додаде дека граѓаните на земјата ја заслужуваат оваа перспектива за да може да се подобри стандардот на живеење и да се намали емиграцијата, посебно на младите.

Хан ја пофали и „атмосферата на соработка“ во Собранието и ја призна улогата одиграна од сите чинители на европскиот пат на Северна Македонија и потсети дека огромното мнозинство земји членки на ЕУ „не бара ништо друго освен да се даде зелено светло за да почнат да се подготвуваат преговорите“.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
Фото: Армија на САД

Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

June 21, 2025

​​Силни експлозии во централниот и северниот дел на Техеран

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ројтерс и „Њујорк Тајмс“: Полетаа американски бомбардери Б-2, летаат над Тихиот Океан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија е првата европска земја што доби турски влечни хаубици БОРАН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пациенти со тежок дијабетес се излекувани во мало испитување на нов лек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk