Излезе второто издание на додатокот Културен печат, во склоп на весникот Слободен печат. Додатокот ќе излегува еднаш неделно, на осум страници, и ќе се занимава исклуиво со културни настани и достигнувања на наши автори, филм, театар, музика…
Културен печат се појавува во време кога речиси никој не го спомнува и афирмира овој битен сегмент од нашето живеење.
Додатокот ќе излегува секоја сабота само во печатеното (засега нема да има електронско) издание на дневниот весник Слободен печат.