– На лидерската средба е договорено предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април 2020 година, потврдува Премиерот Заев.
„Нашиот народ ќе си го потврди исправниот пат по кој тргна земјата.
Тоа е патот на развој и просперитет, патот што води напред. Тоа се повисоките плати, градежната офанзива, огромната социјална помош, поддршката за домашните фирми, мерките против загадувањето, враќањето пари директно кај граѓаните и бескомпромисната борба против корупцијата.
Подготвени сме за голема победа и испраќање во заборав на политиките кои нудат изолација, национализам, поделби, конфликти и богатење на неколкумина на сметка на граѓаните.
Македонската иднина е извесна, ќе победиме заедно со граѓаните!“, истакнува Премиерот Зоран Заев во изјава на својот Фејсбук профил