ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Евроинтеграцијата останува врвен приоритет по исходот во Брисел, изборите закажани за 12 април

Немаме од што да се плашиме, тоа е во наш интерес и во интерес на нашите граѓани, изјави претседателот Пендаровски

October 21, 2019 09:13
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По негативниот исход од состанокот на Европскиот совет во Брисел, политичките лидери во државава се согласија дека нема друга алтернатива освен евроинтеграцијата, но и закажаа предвремени парламентарни избори на 12 април, пишува Б. А. Костиќ за МИА.

Тие на лидерската средба што се одржа на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски се согласија дека мора да продолжат евроинтегративните процеси на државата, а датумот на избори го определија консензуално имајќи го предвид процесот на ратификацијата на Протоколот за членство на земјава во НАТО.

– Имаме јасен државен консензус од релевантните политички лидери во нашата земја дека стојат зад идејата Република Северна Македонија што е можно поскоро да ги почне тие преговори и што е можно поскоро да ги заврши преговорите и да стане полноправна членка. Сите присутни на средбата се согласни дека немаме проблем со евентуална нова и подобрена методологија за водење на пристапните преговори. Сите присутни на средбата рекоа дека немаат проблем ако новата методологија подразбира реверзибилност на процесот, значи едно поглавје кога ќе го затворите, ако трендовите во таа област се негативни, слободно може да не вратат назад, па дури и на самиот почеток од процесот. Немаме од што да се плашиме, тоа е во наш интерес и во интерес на нашите граѓани, изјави претседателот Пендаровски по завршувањето на првиот дел од средбата.

Ставот дека нема друга алтернатива за државата освен евроинтеграцијата го потврдија во своите изјави и сите лидери на политички партии кои присуствуваа на лидерската средба.

Според нив, изборите се неминовни и се надеваат дека граѓаните ќе кажат во кој правец ќе се движи државата во иднина. Изразија надеж дека изборите ќе бидат фер и демократски.

– Верувам дека граѓаните мудро ќе донесат одлука со која ќе го трасираат патот по којшто ние политичарите, кои ќе добиеме поддршка, ќе ја водиме нашата држава, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, кој во саботата го даде предлогот за одржување на брзи предвремени парламентарни избори.

За лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, изборите се неминовност по се она што се случувало во државата. По изборите, како што рече, ќе следи обновата на државата и бескомпромисна работа со цел „Македонија да ја ставиме на брза лента“.

– Битно е дека имаме нова реалност. Реалноста е дека на 3 јануари 2020 година ќе имаме нов технички премиер, ќе имаме нова техничка влада, а на 12 април 2020 ќе имаме победник на предвремените парламентарни избори, а тоа ќе биде, сигурен сум, Обновата за Македонија, изјави Мицковски.

Според лидерот на ДУИ, Али Ахмети, важно е предвремените парламентарни избори да се демократски и да победи најдобриот.

– Во детали разговаравме за најдобриот можен момент за предвремени парламентарни избори. Исто така, оценивме дека од наш заеднички интерес е да почекаме да се ратификува Протоколот за НАТО од земјите членки, коишто се уште го немаат ратификувано и исто така се договориме и нашето Собрание да го ратификува Протоколот и да го усвои Законот за одбрана. Откако ги исцрпивме сите аргументи, заеднички одлучивме да ги одржиме предвремените парламентарни избори на 12 април следната година, изјави Ахмети.

За помалите албански партии, изборите се можност да се донесат промени во државата кои ќе бидат за доброто на сите граѓани.

На средбата не се разговарало за персоналните решенија за техничка влада, но она што засега е познато е дека техничкиот премиер ќе ја презеде функцијата од 3 јануари.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk