ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пинера: Чиле е во војна против непријател подготвен да користи насилство без ограничувања

October 21, 2019 10:27
in Uncategorized, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Чиле Себастијан Пинера изјави дека земјата е „во војна“, по тридневните протести поради зголемувањето на цената на јавниот превоз, во кои загинаа седум лица, пренесе МИА.

– Ние сме во војна против моќниот и немилосрден непријател, непријател кој не почитува никој и ништо и е подготвен да користи насилство и злосторства без никакви ограничувања, рече Пинера.

Тој во саботата прогласи вонредна состојба во главниот град Сантјаго, по протестите во кои беа запалени многу згради во центарот на градот, а градското метро беше блокирано.

Демонстрантите подметнаа оган на неколку станици во метрото, запалија автобус и ги ограбуваа продавниците.

Пожарникарите соопштија дека пет лица загинале кога избувнал пожар при грабеж на фабрика за облека, додека двајца други загинале во пожар во супермаркет. Две лица биле погодени од куршуми и се хоспитализирани во „сериозна“ состојба по инцидент со полицијата.

За време на протестите беа затворени 136 метро станици, а беше прекинат сообраќајот во должина од околу 150 километри. По полицискиот час, беа откажани стотина летови од аеродромот во Сантјаго и илјадници патници останаа блокирани на терминалите.

Пинера ја суспендираше и одлуката на чилеанската влада за зголемување на цената на јавниот превоз, но, сепак, протестите продолжија поради социјално-економските услови и нееднаквоста во земјата.

Во меѓувреме, властите соопштија дека за време на протестите се уапсени 1.462 лица, 644 во Сантјаго и 848 во другите градови.  По три дена насилство, центарот на Сантјаго, како и центрите на другите поголеми градови како Валпараис и Консепсион, се сосема опустошени.

Чиле е една од најбогатите земји во Латинска Америка, но истовремено и една од оние во кои има најголема социјална нееднаквост.

 

Next Post

Засадени 150 дрвца долж „Милениумската патека“ на Сува Гора

НАЈНОВО

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Од шампион до „просек“: Што се случува со Ливерпул?

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk