ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

ЕП ќе гласа за Резолуција за почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Во резолуцијата и се честита на Северна Македонија за историското и задоволително решавање на тешките билатерални отворени прашања и унапредувањето на добрососедските односи, особено преку договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Притоа се повикува Советот на ЕУ да ги земе предвид позитивните пораки пренесени од овие договори и реперкусиите на нејзината одлука за политичка стабилност, регионална соработка и мирен соживот. На Република Северна Македонија и се честита и за придонесот кон мирот во Балканот и како одличен пример за тоа како да се најдат мирни решенија за долготрајни спорови. Во резолуцијата исто така се повикува на продолжување на процесот на дијалог Жан Моне како клучен инструмент за поддршка.

October 24, 2019 08:47
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот Парламент во заедничката резолуција за која ќе се гласа денеска напладне, ги повикува земјите-членки на ЕУ и нивните лидери да покажат одговорност кон Северна Макеоднија и Албанија и едногласно да донесат позитивна одлука за започнување преговори на нивната следна средба, имајќи ги предвид можните последици, јавува МИА.

Заедничката резолуција на политичките групи на Европскиот парламент-  Групата на народните партии, Социјалистите и демократите, Обновена Европа, Зелените и Слободната европска алијанса, Европските конзервативци и Обединетата левица, поднесена од 58 европратеници, со оглед на нивната бројност во Европскиот парламент треба да биде усвоена напладне во Стразбур со огромно мнозинство.

Подносителите на резолуцијата изразуваат „длабоко разочарување од неможноста на Унијата да се согласи за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, заради блокирањето од Франција, Данска и Холандија, со оглед на тоа што обете држави направија значителни напори за исполнување на барањата на Унијата за започнување на пристапните преговори“.

Во резолуцијата и се честита на Северна Македонија за историското и задоволително решавање на тешките билатерални отворени прашања и унапредувањето на добрососедските односи, особено преку договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Притоа се повикува Советот на ЕУ да ги земе предвид позитивните пораки пренесени од овие договори и реперкусиите на нејзината одлука за политичка стабилност, регионална соработка и мирен соживот. На Република Северна Македонија и се честита и за придонесот кон мирот во Балканот и како одличен пример за тоа како да се најдат мирни решенија за долготрајни спорови. Во резолуцијата исто така се повикува на продолжување на процесот на дијалог Жан Моне како клучен инструмент за поддршка.

Европратениците забележуваат со задоволство што Албанија ја покажа својата решеност да ја унапреди агендата за реформите и даде конкретни и одржливи резултати. Исто така ги поздравува судските реформи спроведени од страна на Албанија; целосно ја поддржува препораката на Комисијата за Албанија во признавањето на овие поттикнувачки реформски напори; смета дека брзото отворање на процесот на аналитички преглед и преговорите за пристапување ќе го одржат и зајакнат моментумот на реформите; дека отворањето на преговорите ќе биде моќен катализатор за спроведување на реформите и консолидација на демократските институции и ќе придонесе за зајакнување на контролата на Унијата, на одговорност и целосно почитување на правата на малцинствата во Албанија, како и во Северна Македонија.

Во Резолуцијата на ЕП се нагласува дека недонесувањето одлука за старт на прегвоорите е стратешка грешка и го поткопува кредибилитетот на Унијата, бидејќи интеграцијата на земјите кои можат да станат членки и дозволува на Унијата да ја задржи својата улога на меѓународната сцена и да ги заштити нејзините интереси, и со оглед на тоа што напредокот кон членството во ЕУ има и трансформативен ефект врз самите земји-кандидатки. Понатаму се наведува дека политиката на проширување на ЕУ е нејзиниот најефикасен инструмент за надворешна политика и дека понатамошното расклопување на овој инструмент може да доведе до се повеќе нестабилна ситуација во непосредното соседство на Унијата.

Европратениците забележуваат дека евентуалната реформа во процесот на проширување не треба да ги попречува државите кои веќе ги исполнија условите за започнување на пристапните преговори и понатаму забележува дека земјите-кандидатки мора да бидат проценети во светлината на нивните сопствени заслуги, врз основа на објективни критериуми, а не на национални политички размислувања во различни земји-членки, и тоа е трудољубивоста и квалитетот на реформите што го одредуваат временскиот распоред за пристапување.

ЕП потсетува на обновениот консензус за проширувањето, одобрен од Европскиот совет во декември 2006 година и усвоен во заклучоците на Европскиот совет во јуни 2016 година.

Притоа се нагласува дека неможноста на Унијата да ги отвори преговорите за пристап доведе до свикување предвремени избори во Северна Македонија, што резултирало во губење на кредибилитетот за оние партии што постигнале компромиси. Европскиот парламент смета дека ова испраќа негативна порака до потенцијалните земји-кандидатки во однос на добрососедските односи и забележува со загриженост дека ова може да доведе да други странски актери, чии активности не мора да одговараат на вредностите и интересите на Унијата, да ги зајакнат своите врски со Северна Македонија и со Албанија.

Европратениците ги поздравуваат заклучоците од состанокот на политичките лидери на Северна Македонија од 20 октомври 2019 година, кои ја потврдуваат заложбата на земјата за процесот на пристапување во ЕУ и потенцира дека не постојат други алтернативи за оваа земја;

ЕП истакнува дека оваа одлука испраќа предупредување до другите кандидати и потенцијалните земји-кандидатки во Западен Балкан и ја отвора вратата за други влијанија и може да го спречи, ако не и целосно го запре, спроведувањето на реформите на про-европските земји во другите земји-пристапнички.

Европратениците особено потсетуваат дека младите во регионот имаат големи очекувања од членството во ЕУ и смета дека иднината без јасна перспектива може да доведе до миграциски движења од регионот.

ЕП жали што оваа одлука ги поткопува напорите на Европскиот парламент во контекст на процесот на проширување и стратегијата на Западен Балкан.

Исто така се жали што земјите-членки не биле во можност да донесат едногласна одлука за започнување на преговори; притоа ЕП ги повикува земјите-членки да покажат одговорност кон Албанија и Северна Македонија и едногласно да донесат позитивна одлука за започнување преговори на нивната следна средба, имајќи ги предвид последиците од неактивноста.

ЕП смета дека следната Комисија треба веднаш да направи проценка на политиката за проширување, земајќи ги предвид ефектите од неодамнешната одлука на Советот, и да ги потенцира придобивките од проширувањето и за земјите кандидати и за ЕУ.

Во согласност со член 49 од Договорот за ЕУ, ЕП потврдува дека, секоја европска држава може да аплицира да стане членка на Европската унија, под услов да ги исполнува критериумите во Копенхаген и принципите на демократијата, почитување на основните слободи, човековите права и малцинските права, како и владеењето на правото.

Европратеноците го повикуваат макеоднскиот парламентда ги зајакне своите активности за поддршка на демократијата (Дијалозите на Моне и градење на капацитетите) во регионот за да се обезбеди парламентите да ја играат целата своја улога како двигатели на демократските реформи и за реализирање на европските аспирации на граѓаните од регионот.

Понатаму се повикува парламентот, во овој поглед, и како одговор на блокадата на Европскиот совет, да свика регионален парламентарен дијалог со раководните тела на парламентите на Западен Балкан, со цел да се развие стратегија за улогата на парламентите во промовирањето на програма за реформи на Унијата и во спроведувањето на конкретни мерки што ги исполнуваат европските аспирации на населението од овој регион.

Оваа резолуција на Европскиот парламент  треба да биде доставена преку претсеателот на ЕП до потпретседателот на Комисијата / Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Советот и ЕК, владите и парламентите на земјите-членки на Унијата, како и на владите и парламентите на Северна Македонија, Албанија и сите други земји-членки.

Next Post

Викендов почнува зимското сметање на времето

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk