Одлуката да се блокираат преговорите со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка, објави денеска пратеничката група Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот Парламент, пренесе МИА.
Со 412 гласа „за“, 136 „против“ и 30 „воздржани“, Европскиот Парламент изгласа Резолуција со која ги повикува земјите-членки на ЕУ на наредната средба да донесат одлука за почнување преговори со Македонија и Албанија.
– Одлуката да се блокираат преговорите со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка. Ја истакнуваме улогата и одговорноста што ја има Емануел Макрон во врска со одбивањето и негативните последици од тоа врз кредибилитетот на ЕУ, се нагласува во твитот на пратеничката група на ЕПП.