ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Штип: Капетан на „боинг 737“ отвора професионална школа за пилоти

Педесет и осумгодишниот професионален пилот, а воедно и капетан на „боинг“ во флотата на авиокомпанијата „Руандер“ во егзотичната Руанда капиталот го инвестира во својот роден град. Целта му е на аеродромот „Сушево“, каде што почнала и неговата љубов кон летањето, да се отвори професионална школа за пилоти

October 24, 2019 09:43
in ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА

Капетанот на „боинг 737“, Раде Ивановски, и неговите двајца синови го живнаа небото над Штип. Откако Ивановски на 31 август свечено го отвори хангарот на спортскиот аеродром „Сушево“, во текот на месецов над Штип се слушаат и се гледаат неговите авиони, објавува МИА.

Педесет и осумгодишниот професионален пилот, а воедно и капетан на „боинг“ во флотата на авиокомпанијата „Руандер“ во егзотичната Руанда капиталот го инвестира во својот роден град. Целта му е на аеродромот „Сушево“, каде што почнала и неговата љубов кон летањето, да се отвори професионална школа за пилоти.

– Во Штип веќе имаме школа за спортски пилоти, но овде ќе имаме надградба. Сакаме да направиме нешто повеќе од она што е спортски пилот, бидејќи кога ќе се земе професионална дозвола веќе има можност да се работи и во комерцијални цели, без разлика дали во земјоделска авијација или, пак, во авиокомпанија или во полиција, вели Ивановски.

Идејата за отворање професионална школа за пилоти кај него тлее со години бидејќи, како што вели, целта му е да заживее повторно воздухоплоството, но и земјава да има подмладок, кој речиси го нема. Сертификатот што ќе го добијат пилотите е основа за добивање на европската лиценца и дозвола.

– ЕУ пред повеќе години изгласа мерка за сопствена заштита од сè поголемиот наплив на професионални цивилни пилоти од земјите што не се членки на ЕУ, а наоѓаа работа во европските авиокомпании. Сега, за да може да се работи како цивилен пилот во ЕУ, ќе мора да се поседува европската лиценца ЕАСА, додаде Ивановски.

Верува дека неговите планови ќе успеат од причина што во земјава има 30 професионални пилоти, а работа за оваа атрактивна и невообичаена професија има, без разлика дали во земјава или во странство. Македонските пилоти работат или во институциите или во странски авиокомпании. Платата е примамлива и се движи од 2.000 до 15.000 евра, а како што вели Ивановски, во зависност за која компанија работиш.

Во разговорот за МИА објаснува дека досега летал на дестинации во Европа, Азија и Јужна, Северна и Источна Африка.

– Значи го немам само централниот дел и овие, да ги речеме, меѓуконтиненталните летови. Ние, пилотите, не ги ни броиме летовите, туку сме врзани со часови. Најдолг лет што го имав е околу седум и пол часа, со „боинг 737“. Инаку, за тој тип авион најнормален лет е од три до три и пол часа, заради одморање на пилотите, додаде Ивановски.

Досега имал мирно небо, но објаснува дека еден пилот за да ги избегне непријатните ситуации додека е на работното место мора постојано да вежба на симулатор, но и да го повторува она што теоретски го знае. Пилотите на авиокомпаниите на секои шест месеци поминуваат низ симулатори и тоа е пропис што мора да се почитува, потенцира Ивановски. Во компанијата за која работи пензионирањето е на 65 години, но смета дека неколку години пред да се пензионира ќе прекине и ќе се врати во својот град, каде што го инвестира она што го заработил.

Љубовта кон летањето им ја пренел и на неговите двајца синови, кои на отворањето на хангарот на штипјани по 20 години им приредија и аеромитинг.

Next Post

Снуп Дог заштитно лице на новиот инкубатор за одгледување канабис

НАЈНОВО

Ветераните на Брегалница и Црвена ѕвезда ќе одиграат натпревар во Штип по повод 100 години постоење на клубот

September 3, 2025

Раул кандидат за нов тренер на Баер Леверкузен

September 3, 2025
Фото: СДСМ

Филипче: Ако АНБ не ги декласифицира информациите, ова ќе биде уште еден неуспешен обид за манипулација

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk