„Во однос на гаранциите коишто ни беа дадени, овдешната опозицијата како и впрочем поранешната грчка опозиција се, како што вели латинскиот израз PACTA SUNT SERVANDA односно дека ДОГОВОРИТЕ МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ. Јас сум сигурен дека еден поранешен министер за надворешни работи не може да излезе наддвор од оваа линија, освен нели, ако само станува збор за изборен контекст, во рамки на кампања во која што јас нема да навлегувам“, изјави францускиот амбасадор во земјава, Кристиан Тимоние, алудирајќи на почитувањето на Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија и написот во Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (Frankfurter Allgemeine Zeitung), во кој претеникот Антонијо Милошоски, кажа дека неговата партија бара начин како да го врати уставното име, ако дојдат на власт, велејќи дека проширувањето е клинички мртво.
„Да, го видов написот во Франкфуртер Алгемајне Цајтунг (ФАЦ). Знаете, тоа е дел на претседател на Комисијата во Собранието и јас сето тоа го сфаќам мошне сериозно. Не разбрав дека тоа е официјален став на неговата партија и затоа си поставувам прашање во однос на тие констатации во контекст на стабилизацијата на регионот… Гледам дека начинот на кој се разговара на оваа тема е доста хипотетички, за модалитети за внатрешна ревизија кои се чинат како шпекулации. Воопшто не сакам да се сомневам во пристапот кој го има поранешен министер за надворешни работи за сериозен весник како што е овој весник. Но, воопшто не се сомневам дека тежината на агрументите во тој напис, може да предизвикаат европски земјотрес и дека воопшто многумина би се пронешле доколку се искрени. Мислам дека работите треба да се остават на својата вистинска насока и да не драматизираме за таков напис“,изјави Тимоние.
Во однос на прашањето, дали проширувањето е клинички мртво, како што изјави Антонијо Милошоски за ФАЦ, Тимоние одговори дека ако би било мртво, зошто тогаш се работи на нова методологија.
И.Т.З.