ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Заев дознал за „бомбите“ од Верушевски, најприслушувани биле тој и Црвенковски

– После опозицијата според мене беа новинарите, па експерти, а на исто ниво негде беа и претставници на НВО, но и деловни луѓе на државата, верски претставници и неколку телефонски броја од високи претставници од власта во тоа време. Јасно се гледаше и дека подолго време биле ставени и високи претставници на скоро сите албански политички партии, изјави Заев.

October 24, 2019 13:41
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев попладнево во Основниот кривичен суд во Скопје сведочи на судењето за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина“, пренесува МИА.

– Како претседател на СДСМ, Зоран Верушевски ме информираше дека партијата располага со документи и материјали од типот на незаконско следење на комуникациите, кажа Заев на денешното рочиште.

Одговарајќи на прашање од обвинителството, кога дознал за незаконското следење на комуникациите, Заев рече дека првпат слушнал за тоа кога станал претседател на СДСМ во јуни 2013 година.

Кажа дека претседател на Комисијата за безбедност на партијата во тој период бил Зоран Верушевски.

– После примопредавање на функцијата логично како претседател одржав информативни состаноци со сите комисии. Претседателот на Комисијата за безбедност Зоран Верушевски целосно ме запозна со делокругот на таа комисија, согласно делот на добивање информации за потребите на партијата. Во тој сегмент бев информиран дека партијата располага со документи и материјали од типот на незаконско следење на комуникациите, изјави Заев.

Посочи дека документите и материјалите биле и во пишана и во аудио форма.

– Претседателот на комисијата, Верушевски, ме запоза на кој начин и како ги добива партијата овие материјали, рече Заев.

Прашан дали ги познава Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, Заев рече дека во тој период кога бил запознаен со документите и материјалите не ги познавал ниту Костовски, ниту Лазаревски.

– Единствено што ме интересираше е дали тие материјали доаѓаат од институции на државата или од надвор. Дека доаѓаат од институции на државата, тоа можев да го видам од презентацијата на материјалите и документите во владеење на СДСМ, рече Заев.

Прашан што констатирал од тие материјали, Заев рече дека од согледувањето увидел дека се прави масовно следење.

– Дека тоа се прави надвор од пропишаниот законски пропис, односно надвор од судска наредба и посебни истражни мерки и дека масовноста на прислушувањето според моја проценка опфатила над 20 илјади граѓани, посочи Заев.

Најчест таргет, рече премиерот Заев биле опозицијата и високите претставници на опозициската СДСМ и тоа јасно е видливо по обем споредено со другите.

– После опозицијата според мене беа новинарите, па експерти, а на исто ниво негде беа и претставници на НВО, но и деловни луѓе на државата, верски претставници и неколку телефонски броја од високи претставници од власта во тоа време. Јасно се гледаше и дека подолго време биле ставени и високи претставници на скоро сите албански политички партии, изјави Заев.

Прашан дали и тој бил меѓу прислушуваните Заев рече „да, веројатно како најзастапен од СДСМ, веднаш после Црвенковски“, посочувајќи дека тоа било во обем од илјадници разговори и смс пораки.

Заев рече дека од тоа со што располага СДСМ, се прислушувало во периодот од 2008 до 2014 година. Тоа, додава се правело во МВР и УБК.

Судскиот процес за „Таргет Тврдина“ го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се обвинителите Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

May 8, 2025

Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

May 8, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Галоп на полжавите во изборна година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аналитичари сметаат дека Мицкоски спроведува етничка програма во мултиетничка држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град окован во лаги и срам: Туристички водич низ отворениот музеј на кичот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандинавците исплашени од успехот на Мицковите градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски по средбата со Милановиќ: Срдечна средба со мојот пријател и пријателот на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk