Не стивнуваат реакциите од лажните „земјоделци“ кои денеска протестираа пред владата. ФБ страната Киминалите на ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија од една „сиромашна и незадоволна земјоделка“.
Цвикера од 300 евра, кошулка од 500 евра и една незадоволна земјоделка, која штотуку мораше да го прекине годишниот одмор на Бали, поради протестот пред владата на “незадоволните земјоделци” и останати провидни сценарија на опозицијата.
П.С. Незадоволнава земјоделка е ќерка на пратеничката на ДПМНЕ од Неготино.
Дополнително, ФРОНТЛАЈН дознава дека оваа „земјоделка“, освен што е ќерка на пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот татко работи во Министерството за одбрана и е дел од раководството на партијата.
https://www.facebook.com/kriminalitenavmrodpmne/posts/1416514211850100
Уште еден коментар на социјалните мрежи, со слични информации:
Девојчето има право да протестира облечена како сака.
Нека се претстави. Јас сум ќерка на Весела Честоева, пратеничка од дпмне, поранешна директорка на Археолошки музеј. Позади мене се членови на дпмне од Неготино.
На девојчето, мајката и штрајкувачите заедничко им е што немаат никаква врска со земјоделие.