ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Вилсон: Колку повеќе земјата ќе личи на Европа, толку повеќе ќе ги засрами европските лидери што ја држат Македонија пред портите

Да бидеме начисто. Северна Македонија се движи низ извонреден историски процес на цементирање на својата сувереност, независност, на закотвување на својата стратегиска  определба да биде дел од Западот. Има забавување на процесот на нејзиното евроинтегрирање, беше направена грешка во Брисел, тоа е разочарувачко. Но, во основа нема никаква промена

October 26, 2019 09:40
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тука сме да го поддржиме успехот на земјата на нејзиниот пат кон НАТО, но и да помогнеме, да ги презентираме насоките во кои треба да се движи земјата, да ја одредиме стратегијата како да се продолжат реформите и транформацијата однатре, за потоа дебатата да ја префрлиме во Европа и во САД.

Колку повеќе земјата ќе личи на Европа, толку повеќе ќе ги засрами европските лидери што ја држат Македонија пред портите. Тоа е рецептот, пораката е – не отстапувајте, продолжете со реформите напред, бидете агресивни во напорите за зајакнување на демократските вредности, притискајте ги властите на одговорност за промоција на владеењето на правото, работете на економските капацитети за да ги задржите младите, да ја гледаат своја иднина тука.

Тоа е пораката што ја изнесе Дејмон Вилсон, извршниот заменик-претседател на Атлантскиот совет, во интервјуто за МИА од Охрид, каде што учествуваше во Охридскиот дијалог организиран од премиерот Зоран Заев и Атлантскиот совет.

– Имаме стратегиски јасна позиција кога е во прашање Балканот, преку поддршка на оние што се подготвени да спроведат тешки одлуки во трансформацијата на нивните општества. Тука сме да ги поддржиме аспираците на земјите како Северна Македонија во трансатлантското семејство. Атлантскиот совет учествува во креирањето на политиката на САД во светски рамки, со особен акцент на соработката со Европа и Западниот Балкан, додава Вилсон..

На прашањето за  какви се неговите проценки за безбедносната ситуација на Балканот, особено за Македонија, со оглед на претстојниот прием на земјата во НАТО, но и француското „не“ за почеток на преговорите за членство во ЕУ, Вилсон вели:

– Да бидеме начисто. Северна Македонија се движи низ извонреден историски процес на цементирање на својата сувереност, независност, на закотвување на својата стратегиска  определба да биде дел од Западот. Има забавување на процесот на нејзиното евроинтегрирање, беше направена грешка во Брисел, тоа е разочарувачко. Но, во основа нема никаква промена.

Она што се случува сега е голем историски процес, земјата ја зацврстува својата позиција на интегрирање кон Запад, а тоа го прави преку отвореноста на општеството, позитивните демократски процеси, враќањето на владеењето на правото, отворање кон нови економски можности. Одлуката на Сенатот на САД да го поддржи приемот на Македонија во НАТО е мошне, мошне голема работа. Тука бев и во она време на конфликтот кога земјата беше соочена со опасност од граѓанска војна, поделби, уништувања. Земјата мина тежок пат, но сега е пред вратата на НАТО. Нејзината сувереност, безбедност е дефинирана.

Таа ќе биде дел од нашето семејство, од НАТО. Ќе биде дел и од ЕУ, тоа ќе се случи порано и подобро отколку подоцна, сметам дека земјата го заслужува тоа. Членството во ЕУ ќе се случи, мора да се признае дека тоа не е до Северна Македонија, повеќе тоа е наш проблем, на САД, на Британија, Европа… Западните демократски општества во моментов се соочуваат со своевиден популистички отскок. Не треба да чуди кога во услови на несигурност за иднината на ЕУ една од членките ќе рече дека е време за пауза. Тоа не е добро за Северна Македонија, не е правилно. Моментално во светски рамки се создава ситуација на борба на слободните општества со авторитарните клептократии.

Враќањето на политиката на големи сили создава поделеност, луѓето сами треба да изберат дали ќе живеат во општества во кои власта одговара пред нив и ги брани нивните интереси или ќе изберат автократски власти во кои економијата ја води корумпирана клика. Тоа е таа борба со која се соочуваме денеска. Тука постојат различни модели, Русија, Кина, токму во тој контекст е јасно каде се наоѓа Македонија – во друштвото слободни општества. Оттаму разочарувачка е одлуката на ЕУ, но на тоа треба да се гледа како на своевидна отскочна штица.

Стратегиската насока е силна, стратегиската позиција на Македонија е јасна, така што ќе стигнеме таму, ниту во еден миг не се сомневаме дека земјата ќе биде дел од ЕУ. Токму затоа Атлантскиот совет има јасна програма за Балканот, посветени сме на идејата на поддршка на лидерствата што се решени да ги трансформираат своите земји, а за возврат да им ги отвориме вратите на нашите институции. Не земаме ништо здраво за готово затоа што на сцената во регионот е присутно руско влијание, опасна игра независно дали се работи за дезинформации какви што видовме непосредно пред ЕУ-одлуката како манипулираа со изјавата на Никола Димитров, начинот на кој се извади од контекст ситуација во Србија, уште поопасно сценариото за преврат во Црна Гора. Од друга страна, убеден сум дека таквите предизвици и стратегии на попречувања дополнително ќе ни помогнат во изградбата на зацврсната, потрајна иднина.

Силната позиција на Северна Македонија во НАТО, нејзината иднина во ЕУ тоа не значи просто само розова иднина, но секако е основа што гарантира безбедност. Тектонските поместувања се случуваат, ќе се случуваат работи што се многу поголеми од овој регион, иако ниту тој нема да биде поштеден.

САД се решени да ја задржат својата улога во светот, силно верувам во американскиот ангажман глобално. Гледаме што се случува во Сирија, тука се предизвиците пред кои е изложена Турција, дел од она што треба да го направиме е да го зајакнеме сојузништвото внатре во Алијансата, на долг рок. Ќе имаме различности во ставовите, мислењата, но мораме да се држиме до конструкцијата што нè држи заедно. Ќе има несакани последици од ситуацијата во Сирија што директно ќе ја засегнат и Европа, сметам дека постои опасност од нови мигрантски бранови, дали од ситуацијата во Сирија, но и во подалечна иднина доколку се следат мигрантските движења. Потрагата по подобар живот на луѓе од Африка и регионите блиску до Европа ќе значи дополнителен притисок врз континентот, секако и врз Балканот. Мора да работиме на зајакнување на капацитетите за заедничко справување со предизвиците.

– Ова е време кога имате потреба од пријатели. Тука сме да го поддржиме успехот на земјата на нејзиниот пат кон НАТО, но и да помогнеме, да ги презентираме насоките во кои треба да се движи земјата, да ја одредиме стратегијата како да се продолжат реформите и транформацијата однатре, за потоа дебатата да ја префрлиме во Европа и во САД. Колку повеќе земјата ќе личи на Европа, толку повеќе ќе ги засрами европските лидери што ја држат Македонија пред портите. Тоа е рецептот, пораката е – не отстапувајте, продолжете со реформите напред, бидете агресивни во напорите за зајакнување на демократските вредности, притискајте ги властите на одговорност за промоција на владеењето на правото, работете на економските капацитети за да ги задржите младите, да гледаат своја иднина тука.

Македонија може да биде модел за мултиетничка соработка што толку му е потребна на регионот. Она што се случи во Брисел не гледајте го како причина за отстапување, туку гледајте на тоа како на мотивација за докажување. Следете го примерот на балтичките држави, кои спротивно на нашиот скептицизам, нè засрамија со своите капацитети, нивниот напредок. Суштината е важна, не е сè само гола политика…

Имаме работа што треба да ја завршиме во Париз, тоа не беше одбивање на Северна Македонија, туку повеќе самокритицизам, потреба да сработиме малку повеќе на заедништвото. Оттаму мојот совет тука би бил да останеме паметни, трезвени, посветени на реформите и да направиме сè за да успееме. Имаме доста инвестирано во оваа земја, во нејзиниот успех, во нејзината иднина. Ние сме пријатели на долг рок, луѓето што се тука на Охридскиот дијалог се ваши пријатели две децении наназад, ќе бидеме тука и во иднина, завршува Дејмон Вилсон во интервјуто за МИА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Вајц: Македонија е предводник во регионот, нејзиното пристапување кон ЕУ е неправедно блокирано предолго поради билатерални спорови

July 9, 2025

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

July 9, 2025

Во прекин сообраќајот Скопје-ГП Блаце, затворен и граничниот премин

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ирена Јовева. Фото: Фејсбук

    Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk