Бившиот директор на ЈП ,,Македонски шуми“ П.Е. Струмица од ВМРО ДПМНЕ, Кире Михаилов, е еден од организаторите на „земјоделскиот“ протест.
Едно јавно претпријатие што релативно ретко беше споменувано во јавноста, стана многу актуелно кога во 2013 година Груевски ја соопшти својата одлука да вработи 1.600 невработени лица од „ранливи категории“ во „Македонски шуми“. Немаше такви на кои не им е јасно дека тоа е потег за да се вработат партиски војници во изборен контекст, како и многупати дотогаш.
Кире Михаилов сигурно знае како се одвивале сите тие процеси на политичка корупција и инженеринг на изборните процеси. Како верен партиски војник деновиве ги одработува привилегиите во кои уживаше додека неговата партија беше на власт 11 години.
Џ. Дерала