Разговаравме за изгледното НАТО членство. Разговаравме за колку е важно да се отвори европското поглавје, се разбира и за македонските интереси, но и за интересите на Вашингтон, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров, истакна во неговата кратка изјава Никола Димитров.
„Еднаш паднавме во замката на разочарување во 2008 година, мислам дека нема тоа далеку да не одведе, ако пак паднеме. Треба да бидеме упорни, треба да се обидеме и последното оправдување да го тргнеме, тоа е законот за ЈО, и на следната прилика да излеземе уште поспремни и уште поупорни и да најдеме начин како сите земји-членки на ЕУ, заедно со нас, да најдеме начин и нивните грижи да се адресирани и нашиот интерес, бидејќи имаме заеднички интерес.
Ова е регион што е дел од европската географија и не може Европа да биде успешна стабилна и цврста, ако регионот остане ранлив. Тоа е пред нас задачата да најдеме сили тоа да го направиме, да покажеме дека сме зрели и цврсто решени да успееме, да бидеме победници, а да не бидеме жртви.“, заврши Димитров со изјавата во врска со разговорот со специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западниот Балкан – Метју Палмер.
Ј.Ѓ