ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Отчет на градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски

Осврнувајќи се на веќе завршените проекти и оние чија реализација треба да финишира до крајот на оваа и почетокот на идната година, градоначалникот Илија Јованоски на прес-конференција ги информираше граѓаните за реализираните и тековните активности на Општина Прилеп за календарската 2019 година, пренесува

October 29, 2019 21:15
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Осврнувајќи се на веќе завршените проекти и оние чија реализација треба да финишира до крајот на оваа и почетокот на идната година, градоначалникот Илија Јованоски на денешната прес конференција ги информираше граѓаните за реализираните и тековните активности на Општина Прилеп за календарската 2019 година, пренесува prilep.gov.mk.

„Можам да кажам дека оваа година се изградени 24 улици, во должина од околу 12 километри, а имаме тампонирано околу 20 километри улици во градот и во населените места. Утре е отворањето на новиот тендер и аукцијата за асфалтирање на улици, кој изнесува 15.000.000 денари, со кои се надевам дека до крајот на оваа градежна сезона ќе можеме дополнително да асфалтираме околу десетина улици.

Набавените 4 автобуси на метан претставуваат вистинска гордост за градот. Тоа се нови еколошки автобуси, со кои обезбедуваме посигурен и побезбеден превоз и ја штитиме животната средина.

Набавено е специјално возило за Територијалната противпожарна служба во висина од околу 6 милиони денари, како и придружна опрема за пожарникарите. Во оваа прилика сакам да упатам посебна благодарност до единицата за противпожарна заштита и пофалба за нивната ефикасност, затоа што во изминатите 10 месеци се справија со над 500 пожари во општината, од кои над 300 биле ридско –планински, како и со триесетина сообраќајни несреќи.

Реновирани се 4 детски игралишта во населбите Точила, Типски куќи, Варош, и Димо Наредникот, а направено е и едно ново игралиште за најмладите во паркот на Могилата на непобедените кое, по повод изборот на Прилеп за најеколошка општина во државата, е донација од страна на компанијата „Пакомак“. Поставена е нова урбана опрема во централното градско подрачје, нови клупи и нови канти за отпад во висина од околу 2.400.000 денари.

Завршен е проектот ‘Маркови кули – заштита и делување‘, при што е изградена предвидената инфраструктура и пристапниот пат, поставено е осветлување, информативен центар, изградени се два видоковци, како и се’ она што е потребно со цел да покажеме дека навистина водиме грижа за природното и културно наследство во нашиот град.

Комплетно се изработени 4 урбанистички планови во градот, а во постапка се уште 6 детални и 3 регулациски урбанистички планови кои ќе бидат завршени до крајот на оваа календарска година“, потенцираше градоначалникот Јованоски во делот од своето излагање каде се осврна на целосно завршените проекти од тековната 2019 година.

„На Градскиот стадион ‘Гоце Делчев’ веќе е реконструирана и покриена северната трибина, реконструирана е и југозападната трибина, изградени оградните ѕидови, направени се тоалетите. Останува уште тревникот, за кој секојдневно разговараме со ФФМ со цел да биде изграден што побрзо, бидејќи тие се надлежни за тој дел од стадионот, а според договорот до крајот на оваа година, кога и истекува договорот, покрај тревата треба да бидат поставени и рефлекторите.

Особено важен проект за нашиот е град, е иградбата на армирано-бетонскиот мост на Градската река во населбата Сточен пазар, којшто ќе биде завршен во наредните три месеци, односно до крајот на месец јануари 2020 година. Ваков мост, со ваква големина, за прв пат после 45 години се гради во Прилеп и е од големо значење за шпедицијата и целиот транспорт на стопанските субјекти кој се одвива во тој дел од нашиот град.

Завршен е тендерот и избран најповолниот понудувач за изградбата на булеварот ‘Гоце Делчев’. Годинава ќе биде реконструиран на потегот од поштата до поранешната Градска кафеана, а на почетокот на идната година ќе биде изграден булеварот од споменикот ‘Карпалак’, до раскрсницата кај ‘Тинекс’.

Во тек се 3 проекти преку Агенцијата за рурален развој, за кои тендерската постапка завршува во ноември годинава и кои ќе бидат реализирани во следните 3 месеци после завршувањето на тендерите. Проектите се однесуваат на изработка на техничка документација за урбанизирање на 30 села од нашата општина, изградба на патот од с.Волково до с.Прилепец, како и патот од с.Прилепец до манастирот „Св.Никола“, во должина од околу 5 километри.

Во завршна фаза е подготовката на проектите за поставување на пристапни рампи во училиштата и детските градинки“,  нагласи градоначалникот Јованоски, образлагајќи ги тековните проекти од оваа календарска година.

Во врска со Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“, Јованоски потенцираше дека во правец на подобрување на енергетската ефикаснот на објектот, целосно е променета дограмата во оваа институција, зафат кој е во вредност од околу 15 милиони денари.

„Во основните училишта Рампо Левката“ и ‘Гоце Делчев’, при крај е изградбата на спортските терени кои наредниве денови ќе бидат асфалатирани. Додека, пак, во 4 основни и 2 средни училишта со средства во висина од 8 милиони денари, комплетно се реновирани санитарните јазли. Со цел подобрување на енергетската ефикаснот, променета е дограмата во основните училишта ‘Блаже Конески’, ‘Добре Јованоски’, ‘Рампо Левката’, Музичкото училиште ‘Ордан Михајлоски – Оцка’, во училиштата во селата Алинци и Загорани, како и во средното училиште ‘Ѓорче Петров’. Во селата Тополчани и Мало Коњари направени се фасадите на школските објекти, а во основните училишта ‘Кире Гаврилоски’ и ‘Кочо Рацин’, комплетно се реновирани вкупно 23 училници.

3.700.000 денари изнесува проектот за реконструкција на гимназијата ‘Мирче Ацев’, чија подготовка завршува до крајот на оваа година, а реализацијата ќе биде во текот на идната календарска година.

Во сите сите објекти на ЈОУДГ ‘Наша иднина’ – Прилеп, реконструирани се санитарните јазли, а во 4 детски градинки со цел постигнување на поголема енергетска ефикаснот, променета е дограмата, вратите и прозорците. Во детската градинка ‘Тризла 1’ комплетно е променет покривот, а во детската градинка ‘Гоце Делчев’, каде се припрема комплетната храна за дечињата од сите градинки, направен е нов котел за парното греење“, изјави градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, во делот од прес конференција каде во фокусот беа преземените градежни активности во објектите на образовните институции и детските градинки.

„Направен е идејниот проект за секундарната дистрибутивна гасоводна мрежа во должина од 20 километри, а во тек е изработката на Основниот проект, но се’ уште се чека на одлуката од Владата, во однос на тоа дали државата комплетно ќе ја гради и секундарната мрежа, или секоја Општина посебно“, истакна градоначалникот Јованоски во врска со гасификацијата на општина Прилеп.

Следните денови свои презентации за завршените и тековните проекти во текот на оваа година, ќе имаат и директорите на општинските комунални претпријатија.

Next Post

Заев на прошталната вечера за Могерини: Вистинска пријателка на нашиот народ и на целиот Западен Балкан

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk