Неколкумина газди на тесктилни фирми од регионот гласно размислуваат предупредувачки да ги затворат фирмите на одредено време. На нивниот последен заеднички состанок тие беа револтирани зашто се повисоките давачки кон државата и работниците, намалената продуктивност и ниските цени од странските партнери на нивните фирми им носат клуч за затварање. Иако оваа радикална идеја некои од тесктилците ја премолчаа, коментар за неа имаше од првиот човек на Кластерот, јавува ТВ Стар од Штип.
„Тоа е веќе одлука на сите членки, како ќе одлучат сите членки така ќе постапиме ние како претставници на кластерот.Би требало на некој начин да се најде некаква солуција , бидејќи веќе подолго време состојбите во текстилот не се најсјајни“, изјави Маријана Перковска, претседател на Текстилен Кластер.
Ова размислување значи дека оганот сега гори кај газдите кои итно треба да бараат начин како да издржат, а за нив, излезот би бил следниот:
„Субвенционирање на извозот заради курсот на еврото.Во должината на работно време, во паузата да не биде платена, односно да не влезе во работното време од 8 до 8ипол часа, во делот на државните празници.Замрзнувањето на придонесите е добра мерка , можеби малку закаснета“, кажа Перковска.
Дали и кога некои од нивните барања ке бидат инплементирани во работата е неизвесно но дека се ке остане како досега е тешко да се верува.
Во ова, според нашите информации, најлесно ке биде времето за пауза кое досега на работниците им беше платено, во иднина да не се плаќа. Ова, според нивните калкулации за фирмите ќе биде големо олеснување бидејки месечно тие ќе добијат една и половина дневница.
Од друга страна, тоа за работниците ќе значи половина час продолжено работно време и пореметување на долгогодишната дневна динамика. Како на ова ќе реагираат работниците, нивните синдикати и Владата останува да се види, но веројатно, по изборите во април“, пишува ТВ Стар Штип.