ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

НАкС: Побрзо да почнат да се решаваат проблемите во високото образование

Истражувањето покажало дека постои огромен недостиг на асистенти на најстарите универзитети, УКИМ и Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола (УКЛО), додека по однос на подмладокот универзитетите ДУТ, „Гоце Делчев“-Штип и „Мајка Тереза“ имаат солидна основа за опстанок и за иден развој.

October 30, 2019 15:37
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Интервентно вработување на 300 лица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и 100 на другите јавни универзитети и научни установи, во најскоро време да почнат преговори за потпишување колективен договор, итно да се формира Национален совет за финансирање и развој на виското образование и науката, да почне постапка за донесување нов Закон за научноистражувачка дејност во кој ќе биде предвидено формирање Агенција за научноистражувачка дејност што ќе ја финасира реализацијата на научноистражувачки проекти. Ова се барањата на Независниот академски синдикат (НАкС) што вчера биле претставени пред министерот за образование и наука Арбер Адеми и неговиот тим советници за високото обрзаование, пренесе МИА.

Претседателот на Независниот академски синдикат (НАкС) Маја Стевановиќ на денешната прес-конференција го презентира и истражувањето што го спровеле за структурата на вработените на шесте јавни универзитети и осумте јавни научни установи (самостојни институти кои не се во состав на универзитетот).). Истражувањето покажало дека постои огромен недостиг на асистенти на најстарите универзитети, УКИМ и Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола (УКЛО), додека по однос на подмладокот универзитетите ДУТ, „Гоце Делчев“-Штип и „Мајка Тереза“ имаат солидна основа за опстанок и за иден развој.

Од НАкС препорачуваат да се почне со ревитализација на УКИМ, УКЛО и на јавните научни установи, така што во Буџетот за идната година ќе се обезбедат дополнителни финасиски средства за интервентно вработување на професорски, асистентски и административен кадар, универзитетите и јавните научни установи по автоматизам да добиваат согласности за вработување од МОН и Министерството за финансии…

Мимоза Ристова, професор на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје и член на Извршниот одбор на НАкС рече дека не е точно оти има големи плати во високото образование и потребно е нивно зголемување. Информира дека зголемување на платите имало за вработените во основното и средното образование, а од 3,8 до 4 отсто за високото образование, место пет отсто.

– Во Македонија состојбата е најлоша и треба да се коригира. Ова не е фер, не е добро и не е во согласност со добрите практики во Европа и во регионот, рече Ристова.

Одговарајќи на новинарско прашање, Стевановиќ рече дека платите не подмладокот не се атрактивни и младите генерално не помислуваат да останат на факултет.  Според неа, ако генерално не се смени политиката по однос на вработување, финансирање, плати во високото образование, овој сектор ќе престане да биде примамлив за добрите, воопшто за вработување и тоа, како што рече, е причината за деградацијата на образованието.

Таа резимира дека се огромни проблемите во високото образование и треба што побрзо да почнат да се решаваат еден по еден.  Додаде дека со МОН и со ресорниот министер почнале конструктивен дијалог и се договораат да работат во перспектива.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Костадинов: На 12 април ќе се судрат деструктивниот концепт на ВМРО-ДПМНЕ и развојниот на СДСМ

НАЈНОВО

Променливо облачно, температурата до 19 степени

October 19, 2025

Претставата „Малата Фрида“ победник на 4. ИФДТ „Игор Маџиров“ 2025

October 19, 2025

Гласањето започна, граѓаните по осми пат избираат локална власт

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk