ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

СФДМ и ССМ: Итно да се избере в.д главен државен ревизор

Владата и Собранието итно да спроведат постапка за избор и/или назначување вршител на должноста главен државен ревизор со што би се обезбедил основниот предуслов за континуитет во извршувањето на законските функции на Државниот завод за ревизија и заштита на правата од работен однос на вработените

October 30, 2019 11:21
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Владата и Собранието итно да спроведат постапка за избор и/или назначување вршител на должноста главен државен ревизор со што би се обезбедил основниот предуслов за континуитет во извршувањето на законските функции на Државниот завод за ревизија и заштита на правата од работен однос на вработените, побараа денеска Синдикатот на финансиските дејности на Македонија (СФДМ) и Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), пренесе МИА.

Според синдикатите, решавањето на ова прашање  добива зголемена тежина со најавата за одржување предвремени избори во државата, а со тоа, потенцираат, постои реална опасност уште повеќе да се одложи изборот на главен државен ревизор. Во тој случај, институцијата и вработените ќе бидат целосно блокирани на неопределено време, што ќе доведе до немање контрола врз трошењето на јавните пари.

СФДМ и ССМ изразуваат поддршка  барања на вработените на ДЗР за итно надминување на неодржливата состојба со немање законски застапник  на ДЗР истакнати во нивното писмо до институциите од 22 месецов.

Откако во декемрви 2017 година истече мандатот на главниот државен ревизор, а на 4 октомври годинава и на заменикот главен државен ревизор  ДЗР остана без законски застапник. Оваа состојба, укажуваат синдикатите, значи дека институцијата којашто врши ревизија над финансиското работење на државните органи, општините, буџетските корисници, јавните друштва, трговски друштва каде државата е доминантен акционер, агенциите и други институции основани со закон, политички партии, корисници на средства од ЕУ и други меѓународни институции, од 4 октомври е практично блокирана во извршувањето на своите активности пропишани со закон.

– Штетните последици од ваквата состојба се: неможност за целосна реализација на програмата за ревизија за 2019 година, недоставување на конечните ревизорски извештаи од веќе извршените ревизии и/или ревизиите коишто се во тек, недонесување на планот за ревизија за 2020 година, неможност за подмирување на режиските трошоци на ДЗР, неможност за остварување на правата од работен однос на вработените при што нема да може да се исплати плата, надоместоци и додатоци, пензионирање и сл., со што вработените би биле надвор од системот на пензиско и социјално осигурување, стои во соопштението

Next Post

Германски ресторан на погреб послужил торта со марихуана

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk