ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Влада: Индустриското производство го потврдува стабилниот и одржлив раст на економијата

Оттаму оценуваат дека комплементарните економски политики на Владата со кои се овозможува силна поддршка на компаниите во земјата за побрз технолошки развој, имплементирање на иновации, зголемена конкурентност на пазарите и повисока продуктивност, како и отворање на нови, подобро платени работни места продолжуваат да даваат добри резултати.

October 30, 2019 15:30
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Податоците за раст на индустриското производство што ги објави денеска Државниот завод за статистистика се потврда за стабилниот и одржлив раст на земјава, а со оглед дека индустријата е еден од клучните столбови за раст на економијата очекуваме значителен раст на БДП и во третиот квартал годинава, соопшти Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, пренесе МИА.

Оттаму оценуваат дека комплементарните економски политики на Владата со кои се овозможува силна поддршка на компаниите во земјата за побрз технолошки развој, имплементирање на иновации, зголемена конкурентност на пазарите и повисока продуктивност, како и отворање на нови, подобро платени работни места продолжуваат да даваат добри резултати.

Последна информација со која се потврдува стабилниот и одржлив економски раст на земјава, наведуваат, е денешниот извештај за индустриско производство, објавен од Државниот завод за статистика, во кој е нотиран раст на индустриското производство од 6,1 процент во септември годинава, во однос на истиот месец минатата година. Индустриското производство, пак, во периодот јануари-септември 2019 година, во однос на истиот период лани, кумулативно бележи раст од 5,6 проценти, а со оглед на фактот дека индустријата е еден од клучните столбови за раст на економијата, очекуваме значителен раст на БДП и во третиот квартал на 2019 година, стои во соопштението.

Гледано по индустриски дејности, во согласност со извештајот на ДЗС, најголем раст е забележан во индустријата за производство на тутунски производи од 512,9 проценти, потоа поправка и инсталирање на машини од 74,3 проценти, по што следува произвoдството на останата опрема за транспорт од 67,3 проценти, производството на фабрикувани метални прoизводи од 64,5 проценти и снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизaција од 32,2 процента. Раст е забележан и кај производството на пијалаци (13,3 проценти) и производствотo на прехранбени производи (13,1 процент), производство на хартија и производи од хартија (14,2 процента) и производството на текстил (10,1 процент).

-Владата на Република Северна Македонија останува посветена на имплементација на економските политики, програми и мерки за модернизација на инудстријата, за повисока продуктивности и конкурентност, со цел побрз и одржлив економски раст и повисок животен стандард на граѓаните, истакнуваат од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

НАкС: Побрзо да почнат да се решаваат проблемите во високото образование

НАЈНОВО

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ денеска маршираа по 27. пат

October 18, 2025

До 20:30 часот гласале 7.935 болни или немоќни лица, а до 18:30 часот 1.400 лица кои издржуваат казна затвор или притвор

October 18, 2025

ДИК отфрли четири приговори и прифати еден за заштита на лично избирачко правo

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 18 и 19 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk