Текстилните работници да работат по 8 и пол часа, за да може паузата од половина час да им биде платена, бараат сопствениците на текстилните фабрики здружени во Текстилниот кластер. Во писмо кое го испратиле до министерките за труд и социјална политика и за финансии Мила Царовска и Нина Ангеловска, но и до вицепремиерот Кочо Анѓушев образложуваат дека сегашното работно време од осум часа односно од ефективни 7 и пол часа, како што велат, затоа што работниците имале и платена пауза, ги правеле фабриките неконкуретни во однос на тие од регионот. Се бара и да се укинат празници за да нема дисконтинуитет во производството односно работниците повеќе да работат, пишува Фактор.
Газдите имаат и други барања, а деновиве работодавачите дури најавија и штрајк со кој сакаат да го изразат своето незадоволство од условите за водење бизнис во земјата. Тие тврдат дека има ниска продуктивност и дека државата декларативно се заложува за раст на платите кој генерално паѓал на грбот на работодавачите.
„Седум и пол часовното ефективно работно време со плус 30 минути платена пауза да се замени по примерот на сите европски земји во окружувањето со 8 часа ефективно работно време плус 30 минути латена пауза што значи вкупно 8 часа и 30 минути. Сегашниот начин на работно време не прави многу понеконкурентни во однос на опкружувањето, а нашиот предлог ќе отвори можност за директно покачување на платите како резултат на подолгото работно време од половина час, велат од кластерот.
Претседателката на Кластерот Маријана Перковска за Фактор вели дека на ваков начин работниците ќе извршуваат поголема норма, а дека такво работно време има и во сите други земји.
Целиот текст можете да го погледнете на следниот линк на сајтот Фактор.