ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Џон Болтон ќе сведочи во истрагата за отповикување на Доналд Трамп

Неколку други сведоци веќе посочиле дека Болтон бил длабоко вознемирен од фактот дека личниот адвокат на Трамп, Руди Џилијани, зад кулисите работел на тоа да ја притисне Украина да ги истражи демократите и кандидатот за претседателска ниминација во 2020 година, Џо Бајден, за наводна корупција, за што всушност никогаш не се појавија докази

October 31, 2019 11:14
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Демократите во Претставничкиот дом ги повикаа и поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон следната недела да сведочи во истрагата за отповикување на претседателот Доналд Трамп, пренесе денеска Гласот на Америка, пренесе МИА.

Неколку други сведоци веќе посочиле дека Болтон бил длабоко вознемирен од фактот дека личниот адвокат на Трамп, Руди Џилијани, зад кулисите работел на тоа да ја притисне Украина да ги истражи демократите и кандидатот за претседателска ниминација во 2020 година, Џо Бајден, за наводна корупција, за што всушност никогаш не се појавија докази.

Џулијани наводно водел, тоа што критичарите го нарекуваат „надворешна политика од сенка“, зад грбот на Стејт департментот. Болтон, според изјавите на некои сведоци, наводно овие постапки на Џулијани ги нарекол „ нарко дил“ и кажал дека не сака да има ништо заедничко со тоа.

Трамп го отпушти Болтон минатиот месец, откако се судрија во врска со неколку надворешни прашања, вклучувајќи ја и Украина.

Од заминувањето од Белата куќа, Болтон не се појавуваше во јавноста, а неговиот адвокат изјави дека поранешниот амбасадор во ОН не е подготвен  „ доброволно да се појави пред Конгресот“, што значи дека одборите на Претставничкиот дом ќе мора да му упатат задолжителна покана за сослушување.

Претставничкиот дом, што е под контрола на демократите, оддржува претреси зад затворени врати за да утврди дали има основ Трамп да биде отповикан од функцијата, бидејќи барал странска земја, во случајов Украина, да „ископа валканици“ за неговиот политички лидер, со цел да му помогне да го освои вториот мандат.

Трамп наводно ја задржувал речиси 400 милиони долари вредната воена помош за Украина, условувајќи го претседателот Володомир Зеленски јавно да му вети дека ќе ги истражи Бајден и демократите.

Оваа истрага Трамп ја нарече нелегална, бидејќи Претставничкиот дом никогаш не гласал во полн состав за почнување формална истрага, иако не постои закон кој вели дека Претставничкиот дом тоа мора да го стори, наведува Гласот на Америка.

 

Next Post

Варвициотис: Грција е против оние кои сакаат раздвојување на европската перспектива на Скопје и Тирана

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk