ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Со Иво ли ќе го регулирате медиумскиот простор?

Иво е класичен пример за фејкер, кој што е повикан да зборува за фејк њуз. Ако водителот на емисијата намерно го има покането за да ни го постави како суров егзампл, тогаш секоја му чест на изборот.

November 1, 2019 15:19
in МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Ова е транскриптот на една реплика од претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски, изваден од дебатата за медиумите и лажните вести во емисијата „Клик плус“, на ТВ21.

Младен Чадиковски:

Еден изминат 10, 12 годишен период имаше едно систематско уништување на медиумите во Македонија. Тоа не беше само систематско уништување преку  само одредени механизми, туку имаше и буквално затворање на медиуми. Еден од тие медиуми што беше затворен беше тогаш најголемиот медиум – А1 ТВ, кој што беше еден репер и стандард за тоа како треба да се креираат вистинските вести и како понатаму да се креира новинарството, значи поставуваше стандарди во телевизиското работење.

Тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ не можејќи да се соочи со критиката што А1 ја имаше во однос на работењето, немаше доволно демократски капацитет да издржи таков вид на критик кој што во основа е добронамерна критика. Со уништувањето на А1 ТВ година-две-три подоцна, доведе до уништувањето на новинарскиот стандард на сите чекори и на сите полиња.

Повеќе не постоеја редакции коишто можеа да ја издржат пресијата на политиката врз медиумите, и вестите се крееираа, најголем дел, од еден центар на моќ, тогашен на политичката партија на власт и практично немаше повеќе потреба по редакциите да има вистински новинари кои ќе учат вистинско новинарство. Тие добиваа готови – креирани текстови и со тие креирани текстови се полнеа и се создаваа вестите и информациите. Сето тоа донесе уништена професија, уништен кредибилитет на новинарството и огромна недоверба во медиумите.

Младен потоа констатира дека и со промената на власта недовербата во медиумите е останата и дека со донесувањето на некои законски решенија не се решил проблемот, законските не се применуваат и реформите се запнати, па продолжува да говори за „смената на дресови“ на некои медиуми, а тоа на оваа власт и одговара.

Чадиковски вели дека има една огромна разлика од тоа порано и сега, па додава:

Сега се ослободи медиумскиот простор. Ги нема повеќе државните пари во медиумите и веќе никој не се јавува на главните уредници да им диктира што треба да пишуваат, што треба да кажуваат.

Понатаму вели дека донесувањето на законски решенија и сменетиот амбиент довело до подобрен рејтинг на листата на „Репортери без граници“, дека сега имаме слободни медиуми, но и дека тоа не довело медиумите да останат независни од политиката и од центрите на моќ.

Младен на крај се осврна критички кон тоа дека сега имало примери на новинари кои биле под закани за тужби и повикувани на распит за да ги откријат изворите на информации и го толкува тоа како самото повикување на новинарите е закана и притисок кон слободата на говорот и дека ваквите случаи лошо ќе се одразат врз  извештаите за оценката за слободата на говорот.

Забрчанец му реплицира дека саморегулацијата ќе покаже колку и дали тие „новинари“ се новинари и појаснува дека откако најтранспарентно и според закон биле повикани во МВР да дадат исказ, а овие одбиле да го откријат изворот на информација, на новинарите ништо друго не им се случило. Забрчанец прави компарација на како биле тепани, малтретирани и шиканирани новинари кои порано се дрзнале да ја критикуваат бившата власт, а како е сега, па додава дека оваа влада знае и реагира на критиките и во од’ се поправа.

Чадиковски коментира:

Не дај боже да се врати тоа време.

Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски вели – не дај боже да се вратиме во тоа време, а дури го вели ова Младен, до него седи и ич мува не го лази Иво Котевски сегашен директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, а поранешен портпарол на МВР кога министерка беше Гордана Јанкуловска.

Е, сега бидеќи ова е авторски текст потпишан со име и презиме, ќе си ја земам слободата да не коментирам што кажа оној Иво Котевски, туку би коментирал за оправданоста на неговото присуство во една ваква дебата.

Тој е една залутана, навидум кревка и изгланцана, но бескрупулозна политичко-медиумска фигура без ни малку чувство за медиумска култура, што и покрај сè што сме слушнале и виделе за него сепак сè уште се одржува „жив“ на политичката сцена. Како е тоа можно, не ме прашувајте.

Иво е класичен пример за фејкер, кој што е повикан да зборува за фејк њуз. Ако водителот на емисијата намерно го има покането за да ни го постави како суров егзампл, тогаш секоја му чест на изборот.

Зошто го велам ова?

Слушајќи како тој Иво од позиција на моќ како тогаш портпарол на МВР, направи сè за да скрие и заташка убиство и какви не приказни се изнаслушавме првиот ден после убиството во неговите изјави во јавноста, каде прво говореше дека таков случај не посто, дека е измислен, па потоа под притисок на јавноста да ретерира, слушајќи го сето тоа имам потполно право да се сомневам во неговиот кредибилитет. Ма какви да се сомневам, имам целосно право да кажам дека овој човек нема никаков кредибилитет да говори за медиуми и притисок врз медиумите!

Само ќе потсетам. Во една бомба пуштена од тогашната опозиција, во разговорот со Гордана Јанкуловска, Иво Котевски во врска со случајот за Мартин Нешковски, се слуша како го говори ова:

Иво Котевски:

Не бе тоа ќе беше многу боље да се бутнеше информација дека од СДСМ некој у МВР…хахах…утепал член на ВМРО. И сега што сакате.

Тука приказната за Иво како човек за мене е завршена.

Овде завршува приказната за Иво како човек-директор преку кој ДПМНЕ ќе комуницира со јавноста:

Вака Иво со „негова“ Горде ги регулираа медиумите во тоа време:

И.К: МТВ пак нешто сега се амбицираат емисии да правеле за ова…

Г.Ј: Нема да прават.

И.К: Како?

Г.Ј: Нема да праат. Лиле ако продолжи така, може да лета од МТВ.

Ова се само два транскрипти од бомбите каде се слуша Иво. Еве ги на овој линк сите, ако имате нерви бујрум потсетете се.

Простете, но просто не можам да го сфатам како овој човек воопшто се дрзнува да дебатира за слобода на медиуми, за притисок врз новинари, за лажни вести…?

За кој морален кредибилитет на Иво треба да дискутираме? За кое „реформирано“ ВМРО-ДПМНЕ правиме ние муабет кога главен за комуникации им е овој човек? Што сака ДПМНЕ да ни порача со тоа што Иво е на чело на центарот на комуникации со медиумите? Ќе претпоставуваме ли слушајќи ги бомбите, на каков начин Иво планира да комуницира со медиумите? Ова ли е идното ДПМНЕ кое треба да ни е некаква алтернатива?

Младене, можно ли е со овој Иво да се регулира медиумскиот простор?

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Киберпанк: Надежта е револуција“ – Настан што симулира опстанок во дистопија, инспириран од суровата реалност

May 9, 2025

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk