ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Прогресивниот данок се става во мирување, следните 36 месеци личниот доход ќе се даночи со 10 проценти

Примената на прогресивниот данок на личен доход се става во мирување на 36 месеци. Во овој период, доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи ќе се оданочува со стапка од 10 проценти

November 2, 2019 11:55
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Примената на прогресивниот данок на личен доход се става во мирување на 36 месеци. Во овој период, доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права како и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи ќе се оданочува со стапка од 10 проценти, пренесува владиниот прес центар.

Во мирување ќе биде ставена и стапката од 15 проценти, што значи дека стапка од 10 проценти ќе се применува и за оданочување на доходот од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капиталните добивки, од осигурување и другиот доход.

Министерката за финансии Нина Ангеловска, најавувајќи ги измените на Законот за данок на личен доход, кои се очекува да почнат да се применуваат од почетокот на 2020 година, рече дека во текот на овие 36 месеци, Министерството ќе се посвети на утврдување на соодветно решение за ефикасна и ефективна примена на прогресивното оданочување, со разгледување на различните мислења, со подигнување на даночниот морал и со јакнење на механизмите за минимизирање на сивата економија.

– Владата верува во праведно општество и верува во придобивките на прогресивниот данок на доход. Владата останува на ставот дека прогресивен данок може да ја подобри распределбата на доходот во  системот, дека може да даде добри општествени ефекти и да резултира со поправедно и поразвиено општество. За да се постигне ваков ефект, прогресивниот данок треба да има оптимален дизајн, да биде донесен во консултативен процес со сите засегнати страни, да постојат ефикасни механизми за елиминирање на сивата економија и да има зајакната доверба во институциите кај сите нас.

Затоа, не станува збор за укинување на прогресивниот данок туку за ставање во мирување – укажа министерката Ангеловска. Таа додаде дека целта на измените во даночниот систем е тој да биде правичен, праведен и да ги вклучува сите. Данокот треба да го плаќаат сите, но на едноставен начин, без оптоварување.

Освен ова, од први јануари нема да стартува оданочувањето на капиталните добивки од хартии од вредност.

– Значаен исчекор е дека решението кое ќе стапи на сила од 2023 година ќе биде уште сега познато на јавноста и преточено во законско решение. Со него, уделите од инвестициките фондови кои со сегашното решение беа изоставени, ќе се вклучат во оданочувањето. Се воведуваат 2 даночни стапки, зависно од периодот на поседување на хартиите од вредност и уделите, односно, стапка од 15 проценти за сите оние кои шпекулативно тргуваат на пазарите на капитал, односно истите ги држат кај себе до една година и стапка од 10 проценти со која ќе биде даночен доходот од капиталните добивки од хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд, кои инвеститорите ги чуваат од 1 до 10 години. Ослободени од овој данок ќе бидат долгорочните инвеститори кои хартиите од вредност и уделите издадени од инвестициски фонд ги чуваат повеќе од 10 години од денот на продажбата, но и хартиите од вредност стекнати од иницијална јавна понуда, со цел охрабрување на компаниите за првично отварање кон јавноста преку издавање на акции по пат на иницијална јавна понуда-појасни Ангеловска.

– Особено важна работа е обврската која се спремни да ја преземат сите инволвирани страни – Македонска берза, Комисијата за хартии од вредност, Централниот депозитар на хартии од вредност, да се ангажираат во градењето на електронски-поврзан систем со кој спроведувањето на одредбите од Законот нема да биде оставен на товар и волја на граѓаните, а данокот автоматски ќе биде пресметан и уплатен во Буџетот – истакна Ангеловска.

Се одложува и примената на данок на камати од депозити од први јануари 2020. Како што образложи Ангеловска, одлуката за одложување се базира на потребата од нормативно доуредување за известување од страна на банките и штедилниците, како и поедноставување на администрирањето на данокот предку предностите што ги овозможува технологијата.

Воедно, одложувањата на примената на двете даночни решенија ќе резултира со изедначување на третманот на заштедите со долгорочното инвестирањето на граѓаните пазарот на капитал.

Измените на Законот за данок на личен доход се очекува да се применуваат од јануари 2020 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk