Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека нејзината земја во наредните пет години, во рамки на новото германско-индиско партнерство, ќе потроши една милијарда евра за проекти за зелена урбана мобилност, пренесе МИА.
Меркел, која е во придружба на деловна делегација, започна разговори со индискиот премиер Нарендра Моди, кои ќе се фокусираат на трговијата, инвестициите, регионалната безбедност и климатските промени.
Најавените средства ќе се употебат за финансирање на неколку проекти кои се однесуваат за заштита на животната средина, како што е воведување електрични автобуси во јавниот градски превоз.
Германија е најголем трговски партнер на Индија од Европа и повеќе од 1.700 германски компании работат во таа земја.