ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Познатата прилепска црква „Свето Благовештение“ ќе го добие старо-новиот уникатен изглед

Се враќа првобитната, уникатна фасада на познатата прилепска црква „Свето Благовештение“ или попозната како Стара црква. На надворешноста од црквата, која е заштитен споменик на културата, се вади слојот малтер и се откриваат керамичките блокови комбинирани во градбата со камен, уникатни во земјава што е првобитниот изглед на Црквата кога се градела пред 181 година

November 2, 2019 15:27
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се враќа првобитната, уникатна фасада на познатата прилепска црква „Свето Благовештение“ или попозната како Стара црква. На надворешноста од црквата, која е заштитен споменик на културата, се вади слојот малтер и се откриваат керамичките блокови комбинирани во градбата со камен, уникатни во земјава што е првобитниот изглед на Црквата кога се градела пред 181 година, пишува Елизабета Митреска, пренесе МИА

Според отец Илчо Смилески, старешина на црквата, парите, во вредност од околу 35.000 евра се обезбедени преку Преспанско-Пелагониската епархија, работите се во тек и ќе се интервенира додека дозволуваат временските прилики.

– Црквата, оригинално, кога е градена во 1838 година е издигната со камен и посебни, керамички блокови, специјално изработени за црквата, а речиси не се среќаваат кај другите цркви во земјава. Не се знае зошто надворешноста била прекриена со слој од малтер пред околу 90 години, но сега се враќа првобитниот надворешен уникатен изглед. Ангажирани се фирми од Прилеп. Едната, „9 март монт“  е за надворешното обликување, а фирмата „Караорман“ ќе се погрижи за осветлувањето, објаснува отец Смилески.

Од прилепскиот „Завод и музеј“ ги потврдуваат зафатите и нагласуваат дека специфичните керамички блокови, специјално направени за изградбата на црквата се ретка техника.

– Керамичките блокови кои ги направиле за изградбата на црквата се особени и не се среќаваат на тлото на земјава. Тоа ѝ дава уникатност на Црквата која има посебно значење за Прилеп и за прилепчани, изјави Благоја Атанасоски, директор на „Завод и музеј Прилеп“

Црквата „Свето Благовештение“ е најпознатата во Прилеп и има своја историја. За нејзина изградба инсистирал прилепскиот еснаф и прилепчанецот Хаџи Ристо Логотед морал да патува во тогашен Цариград за да добијат посебно одобрение-ферман од Султанот за изградбата на црквата.

Инаку, во црквбата пред повеќе од 15 години беа пронајдени книжни икони кои на изложба беа претставени во Њујорк. Храмот го поседува и бесценетиот Иконостас, најголем во земјава и трет по значење што го изработила тајфата на зографот Петре Гарката. На Иконостасот прилепскиот и битолскиот Завод и музеј ќе го почнат процесот на анализа за зачувување и конзервација на Иконостасот кој преку 20 години е оставен на забот на времето и постои опасност да биде уништен.

Next Post

Претседателот Заев кон младите: Зграпчете го секој момент и зборувајте гласно, ние политичарите сме должни да ве слушаме

НАЈНОВО

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Од шампион до „просек“: Што се случува со Ливерпул?

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk