Зграпчете го секој момент и не се плашете да зборувате гласно, ние политичарите сме должни да слушаме, истакна претседателот Зоран Заев на денешната трибина „Иднината на Европа“ во организација на СДММ.
-За прв пат носиме Закон за млади кој е веќе во процедура. Никогаш е не доцна да направите се за младите и ние то го покажуваме. Денес, преку сите мерки што ги преземавме во период додека се движеа крупни процеси и се интегрираме во ЕУ и НАТО и во такви околоности економските политики даваат сериозен резултат. На пресекот од две години од мандатот имаме нови 54.000 вработени, а од нив 54 отсто се млади. Сите политики за поддршка на вработување дадоа резултати. Иако не сме членка воведовме Гаранција за млади преку кои младите полесно се вработуваат, или добиваат доедукација. Ете тоа е прав пат! порача Заев.
Ве поканувам сите да водите грижа за својата земја, нешето место е во отворена, солидарна Европа, прифатете го предизвикот на вашата генерација и борете се, рече Заев.
https://www.youtube.com/watch?v=hn2Cf3p2Bao