ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Прва Регионална конференција за вмрежување на македонската дијаспора

Првата Регионална конференција за вмрежување на македонската дијаспора има цел да се воспостави соработка и продлабочување на веќе постоечката соработка меѓу дијаспората и Република Северна Македонија, како и да се поттикне взаемна, реципрочна соработка со земјите каде живее македонската дијаспора, порачаа министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми и директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов на нејзиното отворање

November 2, 2019 15:37
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Првата Регионална конференција за вмрежување на македонската дијаспора има цел да се воспостави соработка и продлабочување на веќе постоечката соработка меѓу дијаспората и Република Северна Македонија, како и да се поттикне взаемна, реципрочна соработка со земјите каде живее македонската дијаспора, порачаа министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми и директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов на нејзиното отворање, пренесе МИА.

На дводневната конференција што се одржува денеска и утре, министерот Адеми посочи дека ја поздравува иницијативата за вмрежување на македонската дијаспора.

– Лично сметам дека оваа конференција е потребна и таа треба да е практика и во иднина. Преку оваа конференција, на нас како претставници на владините институции ни дава можности и правец, како да ги градиме владините одлуки и политики, согласно потребите на нашите иселеници, рече Адеми.

За време на конференцијата, како што соопшти Агенцијата за иселеништво, ќе биде презентиран и Акциски план на Националната стратегија за соработка со дијаспората, потоа можностите за студирање и практикантство во земјата преку Еразмус програмата, промоција на македонскиот туризам и пласман на македонски производи.

– Како претставници на здруженијата  на иселенички организации,  вие сте гласот на вашата татковина, мост помеѓу Република Северна Македонија и земјите  во кои живеете. Заеднички е потребно да создадеме услови за успешна промоција на нашата земја, рече Шалваринов во своето обраќање.

Претставниците на здруженијата на иселенички организации од Северна Македонија во Романија, Турција, Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Словенија, заедно со претставниците на малцинствата во нашата држава, до утре ќе дискутираат на теми од заеднички интерес и од нив ќе произлезат заклучоци.

На отворањето, освен министерот Адеми и директорот на Агенцијата, Шалваринов, присуствуваа и пратеничката во романскиот Парламент која го претставува македонското малцинство Маријана Венера Попеску, првиот секретар на Амбасадата на Црна Гора во Северна Македонија, Ивана Сикмановиќ, советникот за внатрешни работи при Амбасадата на Турција во нашата земја, полковник Халдун Ерсин Унал, како и голем број претставници на македонски иселенички организации и на малцинства во Република Македонија.

Next Post

Маркез призна: Падот на „Сепанг” се должи на следењето на Куартараро

Најново

Филипче: Укинување на техничка Влада е автократки манир и нема да го прифатиме

April 23, 2026

Љутков: Скопје 2028 е проект на луѓето, на сите нас, нова приказна за градот на отвореност, соработка и заедништво

April 23, 2026

Николоски: Во Коридорот 8 инвестираме 5 милијарди евра, државата има капацитет за големи проекти

April 23, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

СДСМ поднесе закон: забраната за двојно државјанство да важи за министрите и тоа веднаш

April 23, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис – 23 април 2026

April 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk