ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Битола отворена изложба „Книги: историја, иднина“

Со отворање на изложбата „Книги: историја, иднина“ чиј организатор е Македонско научно друштво, синоќа во Битола почнаа манифестациите посветени на празникот на градот, Денот на ослободувањето 4-ти Ноември

November 2, 2019 10:44
in КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со отворање на изложбата „Книги: историја, иднина“ чиј организатор е Македонско научно друштво, синоќа во Битола почнаа манифестациите посветени на празникот на градот, Денот на ослободувањето 4-ти Ноември, пренесе МИА.

На изложбата во НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ изложени се над 400 книги чиј издавач е МНД-Битола.

– Нема ништо помоќно од пишуваниот збор, збор кој остава голем траг на тоа што се случувало во минатото и е за идните генерации. Годинава одлучивме 75-то одбележување на Денот на ослободувањето на Битола да го почнеме со изложбата на МНД-Битола каде се чуваат големи дела, истакна градоначалничката на Наташа Петровска.

На синоќешниот промотивен настан од МНД-Битола информираа дека на изложбата се поместени над 400 книги чиј издавач е Друштвото, ретки изданија како што се првиот број на списанието „Прилози“ од 1960 година и првата книга „Педагогика“ кои датираат од почетоците со работа на Друштвото, а пригодно за празникот, на јавноста е понудено посебното издание „Прилози“ од 1980 година, посветено на командантот на Главниот Штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија, академик Михаило Апостолски, во тоа време избран почесен член на МНД-Битола.

Пред присутните гости на МНД-Битола, професорката Весна Мундишевска Велјановска го промовира најновиот број на списанието „Современи дијалози“ кое содржи авторски трудови на 50 македонски и 30 писатели од странство, а се издава со поддршка на Министерството за култура.

Празничните манифестации по повод денот на ослободувањето на Битола денес продолжуваат со шаховски турнир за слепи лица, велосипедска трка, градско кугларско провемство и моќна атлетска трка по Широк Сокак.

Next Post

Зоран Ангеловски: Не постои можност повторно да ни се случат „бомби“ или „Големото уво“

НАЈНОВО

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Од шампион до „просек“: Што се случува со Ливерпул?

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk