Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска ќе учествува на 9. Состанок на претседатели на парламенти на земјите од ЈИЕ за проширувањето на ЕУ, што се одржува во Будимпешта, Унгарија, пренесе МИА.
Во рамките на конференцијата, претседателот Џафери ќе има и обраќање пред учесниците на форумот.