ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Порака од Париз за Скопје: Полноправното членство во ЕУ нема алтернатива

Полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ нема алтернатива ни во форма ни во содржина. Оваа е пораката која ја донела во Скопје, Потпретседателката на Сенатот на Франција Елен Конве-Муре, а им ја пренесува на пратениците од поголемите групи во тет-а-тет средби

November 4, 2019 13:00
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ нема алтернатива ни во форма ни во содржина. Оваа е пораката која ја донела во Скопје, Потпретседателката на Сенатот на Франција Елен Конве-Муре, а им ја пренесува на пратениците од поголемите групи во тет-а-тет средби.

Прв со Конве-Муре се сретна пратеникот на СДСМ Хари Локвенец, кој за медиумите ја пренесе пораката на гостинката од Франција, и додаде дека реформите во ЕУ ќе завршат за брзо време.

На новинарско прашање дали тие реформи и новите правила можат да го одложат добивањето на датум, Локвенец одговори – „абсолутно не!”.

Пратеникот Хари Локвенец посочи дека се разговарало за исклучително важни актуелни теми, но оти сепак нашето членство во НАТО и одбраната и безбедноста биле приоритет на средбата. Според него, француската пратеничка експлицитно не кажала до кога може да биде ревидирана методологијата на пристапниот процес, но Локвенец потенцира дека алтернатива на европски пат на земјава нема ни во форма, ни во суштината поврзан со некои други светски меѓународни организации.

– Единственото решение е полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ, што според мене е најважниот заклучок и она што можам да го пренесам, рече Локвенец по средбата. Тој посочи дека во рамки на ревизија на методологијата за исклучително кратко време би требало да бидат подготвени сите оние измени или, како што рече, „преформулација на внатрешните процедури кои всушност би ни помогнале и нам, заради тоа што не споделено е мислењето тука кај нас дека ревезирбилноста на процесот е наш интерес за суштински реформи и за вистинско постигнување и на европските стандарди меѓутоа и споделување на европските вредности

Потпретседателката на францускиот Сенат, Елен Конве – Муре денеска во Собранието имаше средби и со претседателите на комисиите за надворешна политика и за одбрана и безбедност, Антонио Милошоски, а подоцна ќе се сретне и со Артан Груби, прв човек на Комисијата за одбрана и безбедност.

Конве – Муре на средбите на своите соговорници им пренела пораки дека најскоро што ќе може ќе биде ревидирана методологијата за пристапниот процес во ЕУ, додека на Комисијата за одбрана и безбедност главна тема било и нашето зачленување во НАТО. “. Конве – Муве се сретна и со Милошоски, по што е најавена изјава на пратеникот, а потоа ќе разговара и го Груби. Утре таа ќе има официјална средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Предвидено е за време на нејзината дводневна посета на земјава да се одржи и конференција во Дипломатската академија на МНР, на која ќе се расправа за еволуцијата на европската одбрана.

Конве-Муре ќе ги посети Француските воени гробишта во Скопје, како и Спомен-куќата и музеј која беше свечено отворена во мај 2018 година, за да им оддаде почит на 3.000 војници кои почиваат таму.

А. Зеќири

Next Post

Рангелова: 80 проценти од жртвите на трговија со луѓе се жени искористени за сексуално ропство

НАЈНОВО

Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025
Скриншот

Џенсон Батон стави крај на професионалната кариера во Ф1

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk