Во организација на Економската комисија за Европа на Обединетите Нации (УНЕЦЕ), а во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе биде промовиран Третиот преглед на состојбите со животната средина (ПСЖС), пренесе МИА.
Целта на промоцијата е да се информираат сите засегнати страни за идентификуваните потреби за соодветни мерки кои треба да се спроведат во областа животна средина, но и да се воспостави подобра комуникација и афирмација на животната средина кај сите чинители.
На промоцијата ќе се обрати министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.