ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Сасоли: Немаше „не“ за датум, туку одлагање на одлуката

Во суштина немаше „Не“ за датум, немаше негирање на прашањето за започнување преговори, но имаше еден вид условување, дека нешто повеќе треба да се стори. Во овој момен тие влади се во фаза на предомислување, односно ги разгледуваат одлуките што ги донеле, но морам да нагласам дека не слушнавме едно изрично „не“

November 4, 2019 21:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За време на последниот Совет на ЕУ имаше приговори што доаѓаа од три влади на земји-членки на ЕУ и овие предлози не доведоа до заклучување на одлуката. Во суштина немаше „Не“ за датум, немаше негирање на прашањето за започнување преговори, но имаше еден вид условување, дека нешто повеќе треба да се стори. Во овој момен тие влади се во фаза на предомислување, односно ги разгледуваат одлуките што ги донеле, но морам да нагласам дека не слушнавме едно изрично „не“, пренесе МИА.

Ова беше пораката на претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

– Ние сме убедени дека овој процес може и да запре, тоа е нашиот страв, и верувам дека некои нивни причини што беа изложени треба да се разгледаат исто така верувам дека тие приговори на трите членки може да бидат надминати, рече Сасоли и повтори оти имало само одлагање на одлуката, а не нејзино одбивање.

Оцени оти тоа што тие земји не ги надминале приговорите до Советот на ЕУ, не треба да се смета како пораз, туку еден вид на застој во процесот, како што и често се случува во демократските земји.

Претседателот на Европарламентот е дециден дека прашањето за проширувањето ќе биде покренато во мај пред Советот на ЕУ, на Самитот во Загреб.

– Ние сме вложени и посветени на овој процес што јас се надевам, како што и сите се надеваме дека ќе се оконча и заклучи на просперитетен и позитивен начин. Владите на овие земји кои ја изразија својата воздржаност и резерва, сега во моментот се во фаза на проценка и разгледување на нивната одлука. Ова е момент што говори за голем оптимизам и доверба, истакна тој.

Во однос на тоа дека нема скратен пат за Северна Македонија и Албанија да стигнат до ЕУ и оти не е можно одвојување на тие земји, Сасоли рече дека постојат извесни процедури во пристапните процеси, кои можат да бидат разгледани и модифицирани дури и упростени.

– Ние сме во рамки на еден процес во кој ЕК го состави овој пакет. Ние треба да искажеме став по прашањето на овој пакет и доколку процесот започнеше на поинаков начин ние ќе се произнесевме на различен начин. Но сега објективно во овој момент не е можно, и мислам дека дури не е ни пожелно. Но ова не значи да не се земат предвид и да не се проценат на индивидуален начин вредностите и заслугите на овие две земји. Ако ги прочитаме изјавите на претседателот на ЕК, на претседателот на Советот на ЕУ и на претседателот на ЕП, заслугите се признати и на Северна Македонија и на Албанија. Значи не станува збор за заслуги, тие се признати, сега ни имаме задача да продолжиме по овој пат и верувам дека тие приговори кои беа покренати од овие три влади за Северна Македонија и Албанија ќе бидат лесно и брзо совладливи, истакна Сасоли одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

Next Post

Перформанс, инсталација „Оваа зграда зборува (на)вистина“

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk