ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сасоли: Ве молам не губете надеж и не се откажувајте од европската иднина

– Ќе ја посетам прекрасната земја Северна Македонија, а ќе ја посетам и Албанија за неколку недели и овие посети се навистина значајни за мене лично. Ова ќе бидат први официјални патувања надвор од ЕУ, во земји со кои сме пријатели, кои сакаме да станат дел од нашата Унија. Знаеме дека луѓето во Северна Македонија и во Албанија беа длабоко разочарани кога слушнаа дека некои земји го блокираа почетокот на преговорите.

November 4, 2019 13:45
in Uncategorized, ДЕНЕС

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, кој престојува во официјална посета на земјава, преку Твитер упати порака, особено да младите, да не се откажуваат од европската иднина, пренесе МИА.

– Денеска патувам во Северна Макеоднија и имам едно барање, особено до младите луѓе во земјата: не се откажувајте од европсата иднина. Вие му припаѓате на нашето семејство. Европскиот парламент е со вас, напиша Сасоли на Твитер.

Првиот човек на Европскиот парламент пораката ја проследува и преку видео обраќање до граѓаните на Северна Макединија и на Албанија.

– Ќе ја посетам прекрасната земја Северна Македонија, а ќе ја посетам и Албанија за неколку недели и овие посети се навистина значајни за мене лично. Ова ќе бидат први официјални патувања надвор од ЕУ, во земји со кои сме пријатели, кои сакаме да станат дел од нашата Унија. Знаеме дека луѓето во Северна Македонија и во Албанија беа длабоко разочарани кога слушнаа дека некои земји го блокираа почетокот на преговорите. Го разбирам тоа и го делам вашето разочарување. Ги исполнивте сите критериуми, направивте одлична работа и заслуживте зелено светло за почеток на преговорите. За ова прашање Европскиот парламент и Европската комисија го изразија нивното мислење многу јасно заедно со огромното мнозинство земји на ЕУ. Но, ова не е крај на дискусијата. Европскиот парламент, домот на европската демократија е со вас. Нема да молчиме. Ќе притискаме цврсто за позитивно гласање на наредниот Европски совет. Јас имам едно барање, особено до младите во Северна Македонија: Ве молам не губете надеж. Ве молам не се откажувајте од европската иднина. Вие припаѓате на нашето семејство и вие на крајот ќе бидете член на ова семејство. А ова семејство ќе ве пречека со верба и надеж, порачува Сасоли во видео пораката.

Давид Сасоли во рамки на денешната посета на Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со собранискиот спикер Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, и ќе се обрати во Парламентот.

Сасоли ќе ја отвори Јуроп Хаус (Europe House) во просториите на Делегацијата на Европската Унија и ќе се придружи на дебатата со амбасадорот Самуел Жбогар и ученици од средни училишта на тема „Визијата на младите за ЕУ“.

Next Post

Прочитани СМС пораки меѓу Груевски, Јанкулоска, Протуѓер и Димовски за „Монструм“ 

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Трамп пред средбата со Путин: Ќе се разговара и за територијални отстапки и безбедносни гаранции за Украина

August 15, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

August 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

ЈОРСМ: По јавната реакција на Ивановска и е дадена можност исказот во Обвинителство да го даде по изборите

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk