Младинскиот образовен форум (МОФ) во соработка со Институтот за комуникациски студии (ИКС) вечер во Младинскиот културен центар, кино „Фросина“, организира дебата „Аргумент: Организирано изразување“, пренесе МИА.
Тезата на која присутните ќе дискутираат е „Овој дом верува дека државата (не) презема соодветни мерки за справувањето со загадувањето“.
На дебатата, како што е најавено, ќе учествуваат заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, директорот на депонијата „Дрисла“ Горан Ангелов, Невена Георгиевска од О2 Иницијатива, Стојан Велков од граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ и Аријанид Џафери од Движење „Еко герила“.
Дебатата е во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ што ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансиски поддржана од Британската амбасада во Скопје.