ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ФЕМИНА

МЗ: Обезбедена скапа биолошка терапија за жените со рак на дојка, воведено двојно читање на мамографските слики

Сите жени со рак на дојка имаат терапија. Со централизираната набавка обезбедени се над 30 молекули скапа биолошка терапија која не е на позитивната листа на лекови, за да им биде достапна на пациентите во болниците. Воведена е новина за двојно читање на мамографските слики. Оттсега, мамографските снимки за рано откривање рак на дојка ќе бидат независно анализирани од двајца радиолози, кои треба да имаат искуство на читање мамографски слики од минимум 800 пациентки, посочуваат од Министерството.

November 5, 2019 13:26
in ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство соопшти дека се спроведуваат мерки и активности за подобрување на здравјето и животот на пациентите со рак на дојка, пренесе МИА.

Сите жени со рак на дојка имаат терапија. Со централизираната набавка обезбедени се над 30 молекули скапа биолошка терапија која не е на позитивната листа на лекови, за да им биде достапна на пациентите во болниците. Воведена е новина за двојно читање на мамографските слики. Оттсега, мамографските снимки за рано откривање рак на дојка ќе бидат независно анализирани од двајца радиолози, кои треба да имаат искуство на читање мамографски слики од минимум 800 пациентки, посочуваат од Министерството.

Од годинава, како што се наведува, првпат се обезбедени ортопедски градници за жените што се оперирани од рак на дојка, како и психолошка поддршка на онколошките пациенти.

Од Министерството истакнуваат дека во Клиничката болница во Битола вчера се пушти во употреба новиот дигитален мамограф, достапен за бесплатни, превентивни мамографски прегледи за сите жени во битолскиот регион, вклучувајќи ги и пациентките од тешко пристапните подрачја. Дигиталниот мамограф е обезбеден преку проектот од ИПА програмата за меѓугранична соработка Грција-Северна Македонија (2014-2020).

Во фаза е централизација на сите онколошки оддели под Клиниката за онкологија во Скопје, со цел да се обезбеди максимална поддршка на пациентите и во другите градови, потенцираат од Министерството и ги повикуваат сите жени да прават редовни лекарски контроли кои се најефикасни за рано откривање и дијагностицирање на болеста, а покрај редовните контроли секоја жена треба да прави и месечен самопреглед на дојка.

Next Post

Сасоли: Работиме на надминување на одложувањето на датумот, но реформите мора да продолжат

Shortcut

Најново

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

Избори во Србија – остри кампањи, Вучиќ ја врзува опозицијата со „странски служби“, студентите со кампања од врата до врата

October 4, 2026
Броила (фото: Електродистрибуција)

ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

October 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Алфа до Алта: Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА за банкарските преземања и политиката зад нив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk