ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Народен театар Битола во Кина со „Детето сонува“

Оваа година од 5 до 18 ноември, Битолскиот театар ќе гостува на повеќе сцени низ Кина со претставата „Детето сонува“ од Ханох Левин, во режија на Итаи Дорон од Израел. Од 5 до 12 ноември 2019 год. битолчани гостуваат во Шангај, во театарот „Shanghai Culture Squer“, а потоа од 12 до 18 ноември, гостуваат во Пекинг. Претставата „Детето сонува“ во театрите низ Кина ќе се одигра вкупно 6 пати.

November 5, 2019 13:51
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

НУ Народен театар Битола има можност по вторпат да гостува во Кина. Во октомври 2014 година на Интернационалниот Фестивал на театарски класици во Пекинг, Битолскиот театар учествуваше со претставата „Хенри VI“ од Вилијам Шекспир.

Оваа година од 5 до 18 ноември, Битолскиот театар ќе гостува на повеќе сцени низ Кина со претставата „Детето сонува“ од Ханох Левин, во режија на Итаи Дорон од Израел.

Од 5 до 12 ноември 2019 год. битолчани гостуваат во Шангај, во театарот „Shanghai Culture Squer“, а потоа од 12 до 18 ноември, гостуваат во Пекинг.

Претставата „Детето сонува“ во театрите низ Кина ќе се одигра вкупно 6 пати.

Директорот Иван Јерчиќ во изјава за ФРОНТЛАЈН, за гостувањето вели:

Да се пишува еден ваков текст во годината во која нашиот домаќин Н.Р Кина слави 70 години од своето формирање како современа држава, а притоа станува збор за една од најстарите светски цивилизации е огромна привилегија, но и одговорност во исто време. Поводот за тоа е исто така во голема мера значаен.

Ова не е прво гостување на Битолскиот театар во Н.Р Кина, но е најголемото на еден Македонски театар на Кинеска почва. Овојпат доаѓаме со комплетна екипа, сценографија и костими, гостуваме во два града, ја играме Детето сонува неколку пати. Вложивме големи напори да го организираме сето тоа, ќе вложиме уште поголеми за да ја претставиме нашата земја достојно.

И да му го честитаме роденденот на нашиот Битолски најубаво што може.

Огромна благодарност до нашите домаќини кои ја препознаа нашата заложба да правиме современ театар, кој може да кореспондира со публиката на различни меридијани и не поканија да ја покажеме нашата уметност. Благодарност до Ју, Итаи, Омри, Владо, Рената, Ивана за нивните заложби ова гостување да се оствари. И се разбира до Министерството за Култура на Република Северна Македонија на чело со господинот Хусни Исмаили за огромната поддршка.

Се надевам дека ова е само продолжување на еден континуитет во соработката помеѓу нашите две држави. Во иднина уште подлабока и уште побогата.

„Детето сонува“, е напишана во 1986 година и премиерно е изведена во 1993 година во Хабима – Израелскиот народен театар и претставува еден од најпоетичните текстови кои досега се поставени на израелската сцена.

Драмата нù открива приказна за едно патување на една мајка и едно дете кои бараат прибежиште по напуштањето на својот дом, откако војници го убиваат таткото и ги протеруваат мајката и синот. Тие запловуваат во пространиот океан на непознатото, молат за засолниште на еден сиромашен остров и желни се да се откажат од сѐ освен од животот, чекајќи каков и да е спас.

Автор: Ханох Левин

Режисер: Итаи Дорон

Играат: Катерина Аневска Дранговска, Огнен Дранговски, Борис Чоревски, Ангел Мицевски, Марјан Ѓорѓиевски, Петар Горко, Соња Михајлова, Борче Ѓаковски, Соња Ошавкова, Петар Мирчевски, Никола Стефанов, Анастазија Христовска.

Сценографија и визуелно уредување – Омри Розенблум

Костимограф – Благој Мицевски

Светло-мајстор – Лиор Мајтал

Оригинална музика – Томер Ранбиновиц

Тон-мајстор – Александар Димовски

Драматург – Билјана Крајчевска

Ј. Ѓорѓиоски

Next Post

Зеќир Рамчиловиќ предложен за нов потпретседател на Собранието

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk