ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Премиерите од Вишеградската група разочарани што ЕУ испраќа негативен сигнал до Западен Балкан

Сите сме разочарани. Но, ако не ги започнавме преговорите со Албанија и Северна Македонија, важно е да ги забрзаме преговорите со земјите со кои веќе ги имаме започнато преговорите. Оваа одлука можеме да ја надоместиме или ублажиме така што на преговорите со Србија и Црна Гора ќе им дадеме екстра голема брзина. Да нема проблеми со натамошното проширување, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на прес-конференција по воведниот состанок на премиерите на В4

November 5, 2019 19:34
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерите на земјите членки на Вишеградската група (В4) на состанокот пред денешниот Самит на земјите пријатели на кохезијата во Прага, предупредија дека се разочарани од Европската унија, поради тоа што испратила негативен сигнал до Западен Балкан, со недавањето датум за почеток на пристапни преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, пренесува МИА.

Тие оценија дека погрешниот сигнал може да го забави забрзувањето на преговорите со Србија и Црна Гора.

– Сите сме разочарани. Но, ако не ги започнавме преговорите со Албанија и Северна Македонија, важно е да ги забрзаме преговорите со земјите со кои веќе ги имаме започнато преговорите. Оваа одлука можеме да ја надоместиме или ублажиме така што на преговорите со Србија и Црна Гора ќе им дадеме екстра голема брзина. Да нема проблеми со натамошното проширување, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на прес-конференција по воведниот состанок на премиерите на В4.

Словачкиот премиер Петер Пелегрини, исто како и Орбан и нивниот чешки колега Андреј Бабиш, изрази разочарување од тоа што на Северна Македонија и Албанија не им беше дадена ниту можноста да започнат преговори и предупреди дека „трите стари држави членки на ЕУ, кои најмногу се бореа против проширувањето на Западен Балкан, ги згрозиле граѓаните на регионот“.

– Сериозно се плашам дека граѓаните на тие земји сè уште ќе имаат волја да ги спроведуваат во своите земји тешките реформи за кои е потребен влез во ЕУ или на крајот ќе ја видат перспективата во соработка со Русија, Турција, Кина или со арапските земји. Тоа беше голема суштинска грешка, затоа што мислам дека проширувањето е инвестиција за ЕУ. Тоа е добра инвестиција. Не само економска, туку и безбедносна, изјави Пелегрини.

Премиерот на Словачка предупреди дека ваков пристап кон Западен Балкан може да ја врати ЕУ во нова миграциска криза.

– Јас сум многу љубопитен и разговаравме за тоа, како ќе се постават балканските земји ако бараме повторно да ја затвориме балканската рута. Тие направија добра работа и беа многу кооперативни, бидејќи им помагаат на своите идни пријатели. Ќе видиме што ќе прават сега. Може да очекувавме од нив да кажат – еве, грижете се самите за вашата надворешна граница, почитувани членки на ЕУ, кога вака се однесувате кон нас, предупреди Пелегрини за можните последици од ќор-сокакот со проширувањето и безбедноста на ЕУ.

Пелегрини истакна дека Словачка и другите земји од В4 секогаш ќе бидат на страна на земјите од Западен Балкан, ќе ги поддржат и ќе ги мотивираат да дадат се од себе за да влезат во европските структури.

Премиерите на Вишеградската група денеска во Прага заседаваат во рамките на Групацијата на пријатели на кохезијата, која обединува 17 земји од Средна и Јужна Европа, за да ги координираат напорите за останување на доволни средства за кохезија и грантови кои помагаат во израмнувањето на разликите во богатството на европските региони.

Премиерите на Полска, Матеуш Моравјецки, на Чешка, Андреј Бабиш, на Словачка, Петер Пелегрини и на Унгарија, Виктор Орбан оценија дека предлогот на европскиот буџет е неправеден затоа што ги намалува фондовите за политиката на кохезија, што, според нив, значи дека богатите членки на ЕУ ќе бидат уште побогати, а сиромашните се посиромашни, наместо разликите да се намалуваат.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Со дефиле на 50 делегации во Скопје започна Европскиот младински олимписки фестивал 2025

July 20, 2025
Фото: Скриншот

Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk