ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тркалезна маса за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи

Владејачката СДСМ бара воведување една изборна единица со отворени листи, според ВМРО-ДПМНЕ граѓаните најдобро ќе бидат претставени со мнозински изборен модел, за ДУИ најдобар е системот со шест изборни единици, додека Алијанса за Албанците е за осум изборни единици. Со оглед на различните ставови на политичките партии, очекувањата од евентуалните разговори за новите изборни правила не се многу големи.

November 5, 2019 09:24
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема „Промена на изборниот модел од шест во една изборна единица и отворени листи“, пренесе МИА.

Тркалезната маса, како што информираат од Собранието, е со цел јакнење на плуралноста на македонската политичка сцена и демократизација на самиот изборен процес, како и за демократизација на целото општество, а во организација на Иницијативата за една изборна единица во која се вклучени 12 пратеници.

Најголемите политички партии од власта и опозицијата на неодамнешната лидерска средба се договорија да се одржат предвремени парламентарни избори во април в година, но останува отворено прашањето дали тие ќе се одржат по постојниот изборен модел или ќе се менува Изборниот законик. Државната изборна комисија вели дека е подготвена да спроведе избори по кој било модел за кој ќе се договорат партиите. Граѓанските организации, пак, сметаат дека е потребна промена на моделот, но оти времето е кусо тоа да се направи пред овие избори.

Помалите политички партии и овој пат пред избори, како и повеќепати досега, го отворија прашањето за промена на изборниот модел со една изборна единица кој, како што сметаат, би овозможил еднакви шанси на изборите и за нив, а не само за поголемите партии. Четирите најголеми политички субјекти во земјава имаат различни ставови во однос на изборниот модел.

Владејачката СДСМ бара воведување една изборна единица со отворени листи, според ВМРО-ДПМНЕ граѓаните најдобро ќе бидат претставени со мнозински изборен модел, за ДУИ најдобар е системот со шест изборни единици, додека Алијанса за Албанците е за осум изборни единици. Со оглед на различните ставови на политичките партии, очекувањата од евентуалните разговори за новите изборни правила не се многу големи.

Поголема е веројатноста промените да се сведат исклучиво на имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР од последните изборни циклуси во земјава. Во Собранието денеска ќе се одржи и седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на која ќе бидат презентирани заклучоците од јавната расправа за состојбата во затворите во земјата.

Седница во Парламентот денеска ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која на дневен ред е Предлог-закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во земјата, во прво читање.

Next Post

Законите за минимална плата и за субвенционирање на придонесите пред пратениците

НАЈНОВО

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

October 25, 2025

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk