ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Работиме на намалување на детската сиромаштија и решавање на проблемите на децата на улица

На состанокот на којшто присуствуваше и целиот тим на Канцеларијата, Царовска и Еугенио разговараа за реформите коишто Северна Македонија ги направи во делот на детската заштита, но и за идните процеси поврзани со детската заштита.

November 6, 2019 22:16
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во рамки на официјалната посета на Вашингтон, се сретна со Марсиа Еугенио, директорка на Канцеларијата за детски труд, присилна работа и трговија со луѓе во Стејт Дeпартментот, пренесе МИА.

На состанокот на којшто присуствуваше и целиот тим на Канцеларијата, Царовска и Еугенио разговараа за реформите коишто Северна Македонија ги направи во делот на детската заштита, но и за идните процеси поврзани со детската заштита.

Царовска рече дека за трајно решавање на детската сиромаштија е многу важна социјалната реформа којашто веќе се спроведува во Северна Македонија. Со неа, потенцира, се извлекуваат најранливите од сиромаштија и таа значи за 20 пати поголем опфат на деца во користењето на детскиот и образовниот додаток, но истовремено и обврска децата редовно да посетуваат училиште.

На овој начин, потенцира министерката, се намалува детската сиромаштија, и се овозможува безгрижно детство, детство кое е целосно ослободено од насилство, експлоатација и злоупотреба и ги вклучува децата во образовниот процес.

Царовска истакна дека изминатиот период Министерството за труд и социјална политика презема активнсти за решавање на проблемите со бездомните семејства и нивните деца.

Царовска на состанокот рече дека единствен начин да ги детектираме и да почнеме да ги решаваме проблемите со кои се соочуваат децата на улица е да работиме одблизу со нив и нивните семејства, да им овозможиме континуирана помош и поддршка.

-Токму затоа, ги јакнеме мобилните тимови на Центарот за социјални работи кои постојано се на терен и работат со семејствата. Досега тимовите идентификуваа вкупно 251 дете на улица и поголемиот дел од нив се без документи, но со директна работа со семејствата децата постепено се внесуваат во образовен процес и редовно ги посетуваат дневните центри за деца на улица, истакна Царовска на средбата.

Next Post

Јанушев: Изборен модел не се менува неколку месеци пред избори

НАЈНОВО

Пад на каматите на кредитите, раст на каматите на депозитите во септември

November 3, 2025
Фото: МИА

Кривична постапка за организирање борби со кучиња во битолско

November 3, 2025

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Чудото до пирамидите: Египет официјално го отвори „Grand Egyptian Museum“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk