ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Јанушев: Изборен модел не се менува неколку месеци пред избори

Според Јанушев, во напредна фаза се разговорите на работните групи  за изборното законодавство кои очекуваат да бидат донесени што е можно побрзо и да не се остават за пред распишување на изборите. .

November 6, 2019 22:18
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека од правна гледна точка и од аспект на граѓаните не треба да се  пристапи кон менување на изборниот модел на неколку месеци пред закажаните предвремени парламентарни избори и останува на предлогот за мнозински модел со 120 изборни единици, вели генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, коментирајќи го отсуството на претставник од оваа партија на вчерашната дебата за промена на изборниот модел во една изборна единица, на која поддршка најави и премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, пренесе МИА.

Според Јанушев, во напредна фаза се разговорите на работните групи  за изборното законодавство кои очекуваат да бидат донесени што е можно побрзо и да не се остават за пред распишување на изборите. .

– Нашиот став е добро познат и јасен и многу пати кажан во јавноста, прво што треба да се направи е да се усвојат препораките од страна на ОБСЕ ОДИХР и секако на канцеларијата на Европската Унија, и тука работните групи работат и се веќе во, можам да кажам, една напредна фаза. Очекуваме што е можно побрзо истите да се донесат бидејќи е неопходно, да не го оставаме тоа непосредно во периодот пред распишувањето, односно започнување на изборите, рече Јанушев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција.

Без оглед дали ќе биде прифатен или не нивниот предлог за мнозински модел со 120 изборни единици, како што вели Јанушев, не треба да забораваме дека менување на изборен модел на закажани и договорени избори на неколку месеци од сега од правна гледна точка и од аспект на граѓаните исто така не треба да се случи. – Меѓутоа,  секако дека она што го предлагаме го оставаме како една отворена врата да продолжиме со разговорите, нормално ако најдеме заеднички јазик, онака како што е правено секогаш во минатото со консензус помеѓу политичките партии истото да се случи и во идниот период, рече Јанушев.

Прашан дали има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би гласале за една изборна единица генералниот секретар на оваа партија рече дека нивната пратеничка група во Собранието ги почитува правилата на она што го имаат како партиски став.

Next Post

ЦО на СДСМ: Љупчо Николовски избран за шеф на изборниот штаб

Најново

Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026
Фото ССМ

ССМ повикува на масовен протест за 1 Мај: 260.000 работниците преживуваат со плата под 600 евра

April 29, 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства и дрога од 5 тони

April 29, 2026

Мицкоски: СДСМ лажеа дека ќе банкротираме, дека ќе дојдат мигранти, дека се блокирани ИПАРД фондовите, за Вајц лажеа и за се беа демантирани

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk