Art Attack го најавува првото возобновено изадние на кумановска гитаријада “Гитаријада Куманово 2019”. Настан врежан во трајната меморија на кумановчани како една од ретките можности на кои што младите бендови имале можност да го презентираат нивниот звук.
Главниот настан е на 29.11.2019 година во Занаетчиски дом Куманово, влезот е слободен.
Конкурсот за пријавување на учество е отворен до 10.11.2019, а организаторите велат дека право на учество имаат сите авторски бендови и музичари без жанровски ограничувања. Патните трошоци за сите учесници ќе бидат покриени од страна на организаторот, а за победникот на „Гитаријада Куманово 2019″, предвидена е и награда снимање на песна.
Сè што треба да се направи е, да се испратат 2 снимки во било кој формат и да се пополни апликацијата на следниот линк: http://bit.ly/2AV4b93
Имињата на избраните бендови ќе бидат соопштени на 12.11.2019.
Чест да го отворат овој настан ќе им припадне на ку-рок ветераните кои специјално за оваа вечер ќе ги возобноват нивните бендови: Берлински зид, Кворум, Тумба, Лектира.
Свој настап како гости ќе имаат: Мајдан од Ниш (Србија), Парампашчад од Подгорица (Ц. Гора), Бубњиви од Подгорица (Ц. Гора), There од Ниш (Србија) и TheThree of us од Скопје.
Ј.Ѓ