ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Администрацијата е намалена, реформите мора да продолжат и во оваа област

Премиерот за ФРОНТЛАЈН изјави дека Владата е во постојана комуникација и соработка со коморите, со синдикатите, со сите, и потенцираше дека државата дефинитивно ќе подаде рака овде – ќе понуди пари за преквалификација, за доквалификација и слично, за сите оние што ќе видат иднина во приватниот сектор.

November 8, 2019 11:47
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реформите мора да се имплементираат во секоја област, па и во јавната администрација. Администрацијата е намалена, не знам дали луѓето го знаат овој податок, но тоа е многу важно. Една од причините за намалувањето е то што многу луѓе од јавниот сектор заминаа во пензија, изјави неодамна премиерот Зоран Заев во интервју за ФРОНТЛАЈН.МК.

„Затекнавме некаде околу 165.000 вработени во јавната администрација. Кога бевме во опозиција верувавме дека е некаде над 180.000, но видовме дека се 165.000. Во моментов таа е или под или околу 140.000. Значи, намалена е јавната администрација, во севкупни бројки. Не знам колку луѓето го знаат овој податок, но тоа е важно. Голем дел од луѓето таму отидоа во пензија, ја напуштија јавната администрација… Не се пополнети сите места, односно таму каде што не треба, туку се пополнуваат таму каде што треба. Тоа е значајно. Но треба да знаат граѓаните дека ние сме свесни дека се даваат плати на луѓе што ништо не работат. Тоа мора да се промени, тоа не смее така да остане“, изјави Заев.

Во интервјуто премерот Заев рече дека министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски го прашувал како понатаму?

„Да си ја тераш до крај агендата со реформите во јавната администрација. Тие треба да бидат правични, транспарентни, сите да знаат“, одговорил Заев.

Премиерот за ФРОНТЛАЈН изјави дека Владата е во постојана комуникација и соработка со коморите, со синдикатите, со сите, и потенцираше дека државата дефинитивно ќе подаде рака овде – ќе понуди пари за преквалификација, за доквалификација и слично, за сите оние што ќе видат иднина во приватниот сектор.

„Свесен сум дека сите тие милиони и милијарди денари и тоа како може да ги искористиме за многу поблагопријатни мерки кои ќе донесат дури и гласови, но не го правиме тоа заради тоа, затоа што сакаме да бидеме чесно поставени“, рече Заев во интервјуто.

Тој нагласи дека се разговара за покачување на платите, но истите се врзани за реформите.

„Еве и за образованието, разговараме со СОНК, но министерството и СОНК мора да ја направат реформата и нивелацијата, така наречена методолошката интеграција во образованието. Да се знае кој е носител на дејност, тоа се учителот, наставникот, професорот, кои се стручните служби: тоа се педагозите, психолозите, дефектолозите, социолозите внатре и што е администрацијата. И ќе видиме дека имаме пет хигиеничари во истото школо, за разлика од соодветното каде има само еден. Не е во ред. Или, имаме 250 деца со 70 наставници, и 250 деца во друго училиште со 25 наставници. Значи ред и поредок мора да се стави насекаде, овде го земам само примерот на образованието“, смета Заев.

Минатиот месец,  Манчевски, рече дека на Владина седница, ги задолжиле органите на државната управа и им укажале на институциите кои не се органи на државна управа да спроведат функционални анализи внатре во своите институции.

„Функционалната анализа ќе се изработува врз основа на Методологијата за спроведување на функционална анализа во рок од еден месец. Функционалната анализа е алатка која овозможува да се идентификуваат главните проблеми поврзани со постојната организациска структура. Преку оваа мерка ќе се овозможи креирање конкретни мерки за подобрување на ефикасноста и на квалитетот во работењето. Спроведувањето на функционална анализа во институциите е дел од еден покомплексен процес на реорганизација на јавната администрација. Резултатите од вертикалните функционални анализи ќе бидат основа и при дефинирање на деталите околку трансферот на вработените од јавниот во приватниот сектор“, изјави Манчевски.

Инаку, во речиси сите Извештаи на ЕК, преобемната администрација беше споменувана како еден од поголемите проблеми за кои се потребни итни реформи.

И. Т. Зафировска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Гуш и бац е љубов“ денеска кај Школка, за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

May 11, 2025

Костова: Владата на Мицкоски ја претвори Македонија во „тажна балканска приказна“

May 10, 2025

Македонскиот павилјон „Strada Brutalissima“ на Венециското биенале на архитектурата 2025 вброен меѓу 10-те највпечатливи

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk