ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ВМРО-ДПМНЕ падна 135.000 гласови, ЗНАМ најголем губитник, Левица и СДСМ со благ пад

October 20, 2025 11:42
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Резултатите од изборите 2025 носат интересни трендови на политичката сцена. Иако ВМРО-ДПМНЕ останува најголема партија според број на освоени гласови, споредбата со минатогодишните избори покажува драматичен пад од над 134.000 гласови, или 30,8% помалку. Уште посериозен е ударот за ЗНАМ, која и покрај учеството во власта бележи пад од над 18.000 гласови, односно 32,3%, што ја прави партијата со најголема загуба на поддршка процентуално. ЗНАМ имаше само двајца кандидати за градоначалници, лидерот Димитриевски во Куманово кој има водство во првиот круг и Мирослав Лабудовиќ во Центар кој губи дури 3000 гласа разлика во однос на Герасимовски од СДСМ.

СДСМ бележи значително помал пад од 18,9%, што, во услови на опаѓање на излезноста, претставува речиси стабилизација. Најважниот тренд е што разликата во гласови помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е значително намалена. СДСМ изгуби речиси 300.000 гласа разлика на последните избори а сега таа бројка се движи околу 176.000 гласови на 98% пребрени гласови. Ова укажува дека и покрај победата на ВМРО-ДПМНЕ која беше очекувана, има сериозно опаѓање на довербата во власта, но и отпорност на СДСМ, и покрај напорите за нејзина маргинализација од други опозициски актери.

ЗНАМ и Левица не успеаја да ја „пасокизираат“ СДСМ

Двајцата најгласни конкуренти на социјалдемократите – ЗНАМ и Левица – не успеаја да го направат очекуваниот пробив. И покрај тоа што беа дел од кампањи кои го таргетираа СДСМ како „мртва“, резултатите покажуваат дека СДСМ држи стабилна предност пред двете партии. Разликата во однос на Левица е повеќе од двојно поглема, а речиси четри пати повеќе гласови има СДСМ во однос на ЗНАМ.

ЗНАМ со влезот во влада ја изгуби поддршката

Иако доби ресори во извршната власт, ЗНАМ не само што не успеа да конвертира моќ во поддршка, туку запиша најголем пад од сите партии. Ова отвора сериозни прашања за легитимитетот на нејзиното владеење и способноста да се задржи како релевантен политички субјект.

Левица покажува одреден раст во Скопје, но останува без сериозно влијание во другите општини. Иако има благ пораст во дел од општините, вкупниот број на гласови е во пад за 18,1%, што укажува дека партијата не успева да изгради широка поддршка надвор од урбаното јадро. Со тоа, тврдењата за преземање на лидерството во опозицијата изгледаат нереални.

Клучни бројки:

ПартијаГласови 2024Гласови 2025Пад во гласовиПад во проценти
ВМРО-ДПМНЕ436.036301.799134.23730,8%
СДСМ153.250124.30028.95018,9%
Левица68.70056.28712.41318,1%
ЗНАМ56.20038.03418.16632,3%

Трендот се менува, сцената останува иста

Сумирано, резултатите укажуваат на намалена поддршка за власта, отпорност и можен реопоравок на СДСМ, како и лимитиран досег на ЗНАМ и Левица. Намалувањето на разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, во комбинација со драматичниот пад на гласови за двете владејачки партии, укажува дека јавноста ја преиспитува довербата во сегашната влада.

Д. Е.

Tags: избори
Next Post

Шпанија бара трајно укинување на зимското сметање на времето во ЕУ

Shortcut

Најново

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Брвеница избира градоначалник: Во трка се шест кандидати

October 18, 2026

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk