ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Заев: Започнува комплетна санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион

После неполна година подготовки и барање најдобри решенија и финансиски средства за реализација, објавуваме дека започнуваат работите на санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион за прочистување од наслагите и корењата од дрвјата и рехабилитација на цевководот на колекторот, истакна Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, по увидот во состојбата на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион

November 9, 2019 11:38
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

После неполна година подготовки и барање најдобри решенија и финансиски средства за реализација, објавуваме дека започнуваат работите на санација на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион за прочистување од наслагите и корењата од дрвјата и рехабилитација на цевководот на колекторот, истакна Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, по увидот во состојбата на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион.

Дополнително ќе се поправат или ќе бидат заменети сите редуктори на сите 18 препумпни станици, ќе се санира целиот систем за прочистување на отпадните води во пречистителната станица и ќе се изврши комплетно чистење на атмосферската и канализационата мрежа во должина од околу 300 километри во Охрид и Струга.
За оваа намена се обезбедени 4,2 милиони евра од Буџетот на граѓаните на нашата земја“, соопшти премиерот Заев.

Решавањето на сложениот и сериозен проблем затекнат со колекторскиот систем за прочистување на отпадните води во охридско-струшкиот регион беше еден од приоритетите на Владата на кој беше посветено посебно внимание уште на стартот на мандатот.

Лошата изведба во некои делови, како и негрижата и неодржувањето на сите сегменти на колекторскиот систем за прочистување на отпадните води создадоа сериозна еколошка опасност за Охридското Езеро и за приодните убавини и реткости во неговото опкружување.

Од стручната анализа на една јапонска компанија во 2014 година, направена со роботизирана технологија, констатирано е дека на неколку места колекторот речиси и да не постои заради лошата изведба и неодржувањето на бетонскиот цевковод. Во поголем дел колекторот е запушен или слабо пропустлив заради насобрани наслаги од отпад и заради корења на дрвја, исто како и атмосферската и канализационата мрежа. Од 18 препумпни станици само една или две работат повремено, а самата пречистителна станица е речиси без функција бидејќи не се сервисирале и не се заменувале дотрајаните делови.

„Сознанијата за последиците од оваа состојба биле познати со години наназад и ништо не било преземено. Посебното значење за охридско-струшкиот регион како светското природно и културно наследство, заслужува посебни мерки на заштита. Затоа беше создадено посебно, издвоено Јавно претпријатие колекторски систем кое ќе ги реши со години натрупаните проблеми. Помогнавме да се порамнат долговите на ЈП „Проаква“, како и долговите на општините кон ова претпријатие за да добиеме чист старт за новото ЈП Колекторски систем“, рече премиерот Заев и додаде дека Охридското езеро како заштитено подрачје опфатено на УНЕСКО е наша гордост, но и грижа на сите нас, и затоа следува комплетна санација на колекторскиот систем за да покажеме дека знаеме и дека се грижиме за нашите скапоцености, и тоа оваа Влада ќе го докаже.

Дејан Николовски, советник во Канцеларијата на Претседателот на Владата, истакна дека наместо да работат, компаниите во чија надлежност било и одржувањето и функционирањето на колекторскиот систем во охридско-струшкиот регион само го трупале долгот којшто достигнал 1,2 милијарди денари, не ги наплаќале долговите кои достигнале висина од 850 милиони денари и ги пренаменувале парите на други дејности само не во функција на редовно и одржливо работење на системот што ги чисти отпадните води што завршуваат во езерото и во реката Црн Дрим.

„Најлоша констатација е дека се немало сенс да се санира катастрофалната состојба со колекторскиот систем, да се издвојат 4,23 милиони потребни за да се решат овие проблеми. Користени се за разни намени, за фасади и споменици, но не и за решавање на овој проблем, кој бил закана на природното богатство што го имаме и што е под заштита на УНЕСКО. Новиот менаџмент (на ЈП Колекторски системи) ќе продолжи да работи на решавање на состојбата и на одржување на системот за никогаш да не се повтори оваа ситуација“, рече Николовски.

Директорот на ЈП Колекторски систем Владимир Алексијоски рече дека благодарение на Владата на РСМ, којшто ги поддржа сите иницијативи на ЈП Колекторски систем од основањето на почетокот на оваа година, за една година овозможи да се започне со санација на колекторскиот систем за прочистување на отпадните води и фекалните води во Охрид и Струга.

„Наредната туристичка сезона ќе отпочне без тековните проблеми со кои се соочивме. Со средствата издвоени од Владата на Северна Македонија ја започнавме постапката за санација на колекторскиот систем. Сите точки каде што имавме целосно запушување на цевководот ќе бидат пробиени и ставени во функција. Со технологијата „цевка во цевка“ ќе се подобри протокот на фекалните води, ќе се изврши санација на редукторите на препумпните станици, за да се обезбеди целосно пренесување на фекалиите до пречистителната станица која повеќе од една година воопшто не функционираше“, информираше директорот на ЈП Колекторски системи Владимир Алексијоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Sources: Maxar Technologies, CNN analysis of satellite imagery

Graphic: Thomas Bordeaux and Rosa de Acosta, CNN

(ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

June 17, 2025

Црвениот крст исплати над 147 милиони денари за настраданите од пожарот во Кочани

June 17, 2025

Собранието ја донесе Фискалната стратегија 2026-2030

June 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници открија мистериозни радио бранови кои доаѓаат од под мразот на Антарктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервенција на српската полиција пред Собранието на Нови Сад, има повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk