ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози

Од 09.10.2019 (среда) на регионалниот патен правец Р2239 на делницата с. Бродец – с. Танушевци, во периодот од 08:00 ч. – 17:00 ч.

November 10, 2019 10:02
in ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата,  пренесува МИА.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На магистралниот пат А2 Кичево – Охрид (на потег од Пресека до с.Песочан) од 02.11.2019 г. поради изведување градежни работи (асфалтирање) наместа сообраќајот ќе се одвива со девиjации (односно преминување од една во друга коловозна лента) за што ќе биде поставена соодветна соообраќајна сигнализација. Работите ќе се изведуваат во наредните 10 дена. 

Од “Виадукт Трејд“ – Гостивар известуваат дека од 25.10.2019 год. се изведуваат градежни активности за подобрување на црна точка на дел од регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар, населено место Враништа, за што има промена на режимот на сообраќај.

Исто така од 25.10.2019 се изведуваат градежни активности за подобрување на црна точка на дел од регионален пат Р1301, делница Охрид – Св.Наум, за што има промена на режимот на сообраќај.

На магистралниот пат А1, делница Демир Капија – Смоквица, поради изведба на осветлување и сигнализација на тунелите Демир Капија 1 и Демир Капија 2, ќе има времена  измена на режимот на сообраќајот. Сообраќајните знаци за изменет режим на сообраќајот се поставени од 17.10.2019 година, а предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 3 (три) месеци. 

Од 09.10.2019 (среда) на регионалниот патен правец Р2239 на делницата с. Бродец – с. Танушевци, во периодот од 08:00 ч. – 17:00 ч.

се изведуваат градежни работи на пат (асфалтирање) и сообраќајот ќе биде со повремени прекини. Се молат учесниците во сообраќајот на трпеливост и крајна внимателност на оваа делница се до завршување на градежните активности. 

На ден 08.10.2019 започнаа градежни активности за подобрување на црна точка на дел од регионален пат Р1306, Мало Коњари, делница Прилеп – Крушево – Сладуево, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај. 

Виадукт трејд – ДООЕЛ известува дека од 04.10.2019 ќе се започне со изведување  градежни активности при рехабилитација на магистрален пат А2, делница Гостивар – Кичево на потег од наплатна станица Гостивар до мост кај с.Здуње во времетраење од 60 (шеесет) дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

На регионалниот пат Р-2249 (Мелнички мост – Центар Жупа) делница Брештани – Житинани од 02.10.2019 година поради изведување градежни работи (асфалтирање) сообраќајот повремено (од 20 до 30 минути) ќе биде во прекин. Работите се изведуваат од 09:00 до 17:00 часот. На местото на кое  се изведуваат градежните работи има поставена соодветна сообраќајна сигнализација. 

Oд 17.09.2019 година  Фабрика Карпош – АД Скопје  известува дека поради градежни активности на магистралниот пат А3, делница Прилеп – Битола кај ТИРЗ Прилеп ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат во траење од три месеци.  

Друштвото Асфалт Дооел Скопје известува дека поради изведување градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Демир Капија во периодот  03.09.2019 до 02.03.2020 на магистралниот пат А1 делница Неготино – Гевгелија, наплатна станица Демир Капија, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрениото за времен режим на сообраќај бр.11-уп-128/4 од 03.09.2019 издадено од Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија. 

Штрабаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Од 19.06.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на  магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, за што има промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.

Виадукт трејд од 22.05.2019 г. изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Г. П. Илинден – Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга има времен режим на сообраќајот. На самото место има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Штрабаг врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка, која ќе трае до крајот на 2019 год.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Македонската чалгија – автентично музицирање со космополитски дух

НАЈНОВО

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025
Фото скриншот

Мицкоски за директорот со кокаин вели имал момент на слабост и било негова приватна работа

October 14, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Орбан е фантастичен, знам дека многу луѓе не се согласуваат, но јас сум единствениот што е битен

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk